Прославата на Илинден во Крушево започна синоќа

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 август, 2018 9:39

По 51-ви пат започна манифестацијата “Десет дена Крушевска Република”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со пристигнувањето на преку 50 коњаника од цела Македонија на Гумење во Крушево – пеш од центарот на градот заедно со бројни делегации и граѓани и со читањето на Манифестот на Крушевската Република синоќа на Гумење во Крушево беа отворени Научно културните средби “Десет дена Крушевска Република”.

На отворањето присуствуваше и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов – кој ќе се обрати на денешното главно чествување на Мечкин Камен по повод 115-годишнината од Илинденското востание.

Градоначалникот на Крушево и претседател на манифестацијата Томе Христоски нагласи дека Крушево е симбол на заедништвото кое – како што рече – ни е толку потребно во овие историски моменти. Посочи дека од Крушево почна историското ослободување на Македонија а од истото ова место како што нагласи тргнува походот кон просперитетна – безбедна и европска иднина.

“По 115 години од Илинденското востание ги живееме идеалите на Крушевскиот манифест – го создадовме и го одржуваме нашето мултиетничко општество – го славиме овој голем празник и живееме во духот на македонските револуционери и борци за слобода. Благодарение на Питу Гули – Карев – Гоце – Даме Груев и на другите нивни соборци денес ја имаме привилегијата да живееме во сопствена држава – да го градиме својот идентитет – да зборуваме на нашиот македонски јазик – да живееме едни покрај други – Албанци – Власи – Бошњаци – Турци – Срби – Роми – Македонци. Борбата во иднина ја продолжуваме во духот на наште предци. Чекориме сигурно кон светла и европска иднина – која во нашето Крушево – за нашата Македонија ќе донесе просперитет.” – рече Христоски.

Манифестацијата е и во знакот на 40-годишнината од Илинденскиот марш кој годинава зближи преку 50 коњаника од цела Македонија. Оваа традиција е дел од културата и историјата на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Илинден

Претседателот Иванов на централната манифестација во Крушево со јасни пораки и за Илинден и за политичката криза која се создаде со Договот за промена на името

Иванов: “Судбината на Македонија е во рацете на самите Македонци!”

Не го прифаќам грчкиот договор кој е на штета на македонскиот национален...