Беше прикажана графика со натпис „Време на лет на ракетите RS-28 Sarmat до главните градови на земјите кои ја снабдуваат Украина со најмногу оружје“.

Објавил: Мате Парлоф | 30 април, 2022 18:20

ПРОГРАМА РУСИЈА 1: Новата руска балистичка ракета Сармат за 106 секунди стигнува до Берлин, до Париз за 200 и до Лондон за 202 секунди

Фото/Текст извор: ©denesen.mk

Водителката на емисијата 60 минути Олга Скабеева на програмата Русија 1 и Алексеј Журављов пратеник во Думата, говореа за тоа за колку секунди интерконтиненталната балистичка ракета Сармат може да стигне до главните градови на Велика Британија, Германија и Франција, земји кои ја снабдуваат со оружје Украина.

Сармат е нова интерконтинентална балистичка ракета и се очекува Русија да ја опреми секоја со десет или повеќе боеви глави. Русија неодамна успешно тестираше ракета која во круговите на НАТО го има озлогласениот прекар Сатана 2 или Сатановиот син.

Еден Сармат и толку – британските острови постојат, британските острови повеќе не постојат. Сериозен сум, рече Журавлев, пренесува порталот Правда.

Пратеникот од Думата, Евгениј Попов од партијата Единствена Русија предупреди дека и Велика Британија има нуклеарно оружје, а во случај Русија да ја искористи ракетата Сармат, „никој нема да преживее, никој нема да остане на планетата“.

Скабеева рече дека времето на летот на Сармат од Калининград до Берлин е 106 секунди, до Париз 200 секунди, а до Лондон 202 секунди.

Беше прикажана графика со натпис „Време на лет на ракетите RS-28 Sarmat до главните градови на земјите кои ја снабдуваат Украина со најмногу оружје“.

И на нив (западните земји) треба да им се покаже оваа слика. Бројте ја секоја секунда. За што ќе имате време, рече Журавлев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести