Според него, целта на претседателот на Русија, Владимир Путин, не е само да ја избрише Украина од географската карта, туку и да го уништи глобалниот поредок.

Објавил: admin@magazin | 29 април, 2022 16:30

„ПУТИН ЌЕ ГИ НАПАДНЕ И ЗЕМЈИТЕ ОД НАТО“

Фото/Текст извор: ©24.мк

Советникот на украинскиот претседател, Сергеј Лешченко е уверен дека Русија ќе ги нападне и земјите членки на НАТО.

Путин ќе ги нападне земјите од НАТО за да покаже дека глобалните институции се слаби. Полска и другите соседи, би требало да бидат предупредени поради тоа што се случува во Украина, изјави Лешченко за виенскиот дневен весник „Пресе“.

Според него, целта на претседателот на Русија, Владимир Путин, не е само да ја избрише Украина од географската карта, туку и да го уништи глобалниот поредок.

Тој нагласи дека „доколку добие вистински гаранции, Украина би била подготвена да стане неутрална земја“.

Подготвени сме да прогласиме неутралност, но, само со безбедносна гаранција, а не со ветувања како оние во Меморандумот од Будимпешта. Подготвени сме и да разговараме за специјалниот статус на Крим и за окупираните територии во текот на војната, појасни Лешченко.

Меѓутоа, Украина, како што истакна тој, не е подготвена да прифати окупација на територии што Русија ги освои за време на војната.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести