И покрај шпекулациите Владата сепак не именуваше наследник на Велковски

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 август, 2018 6:29

Разрешен директорот на Бирото за јавна безбедност нов нема

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на седница го разреши директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски.

Барањето за разрешување на Велковски беше поднесено од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски откако во јавноста беше обелоденето дека со службено возило ќерката на Велковски била однесена на одмор во Грција.

Информацијата ја потврдија од Владата од каде се очекува официјално соопштение.

На местото на Велковски засега не е назначен нов директор а ќе го менува заменикот директор на БЈБ Бесир Деари од ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.