Агенцијата за аудио визуелни услуги испитува дали има скриено сопствеништво, односно дали директорот Бојан Јовановски кој е во притвор за случајот „Рекет’ е всушност и сопственик на Телевизијата.

Објавил: Перо Милчин | 28 јули, 2019 9:41

СЕ ОТВАРА ПАНДОРИНАТА КУТИЈА: Новинар од 1ТВ се пријавил да даде исказ за „Рекет“!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Новинар од 1 Телевизија се пријавил да даде исказ кај Обвинителството во врска со случајот „Рекет“, дознава Телма.

За сега не е познато во јавноста кој е новинарот од 1ТВ кој се пријавил да даде исказ во Обвинителството. Пред неколку дена новинарите од Телевизијата  соопштија дека беше емитуван последниот дневник.

Исто така двајца градоначалници дале изјава за случајот рекет. На општина Карпош, Стефан Богоев и на Битола, Наташа Петровска.

По телефонски повик биле на распит во обвинителството за организиран криминал и корупција.

Пред два дена Стефан Богоев дал изјава пред обвинителката Вилма Русковска, а исто така како сведок во обвинителството била и Петровска.

Детали од обвинителството не откриваат но велат дека интензивно се работи на истрагата во која осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски.
Според информациите на Телма за следната недела и други градоначалници се повикани да дадат изјава но и бизнисмени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.