Таа го итакна ова во контекст на кажувањата на противкандидатот Пендаровски, кој вели дека таа немала да ги почитува договорите кои ја воделе Македонија напред.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 април, 2019 21:41

Силјановска Давкова: Македонија од секогаш била дел од Европа, јас одамна сум во ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јас нема да замолчам пред кршење на меѓународно право и уставното право. Јас ќе ги почитувам двата договори,изјави  Гордана Силјановска Давкова кандидат за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на втората телевизиска дебата, на МТВ.

Оваа власт ги злоупотреби ЕУ и НАТО во реферундумското прашање. За да има алиби, наместо отворено да праша дали сте за Преспанскиот договор, или да праша дали сте за промена на името, таа тргна со прашањето дали сте за членоство ЕУ и НАТО со склучување на Преспанскиот договор, а власта многу добро знае какво е расположението во Македонија, но заборави дека во Уставот на РМ пишува дека кога ќе гласаме за влез во ЕУ, ќе треба да распишеме задолжителен референдум, изјави Силјановска-Давкова, пред извесен период.

Таа го итакна ова во контекст на кажувањата на противкандидатот Пендаровски, кој вели дека таа немала да ги почитува договорите кои ја воделе Македонија напред.

Пендаровски инаку говореше за Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија.

Кандидатката за претседател Силјановска посочи дека нејзиниот став е јасен за ЕУ и дека таа самата одамна е дел од ЕУ.

-Македонија од секогаш била дел од Европа, јас одамна сум во ЕУ членувајќи во институциите како претставник на фелата на која припаѓам. Никогаш нема да се однесувам поданички, зошто мала, средна или голема држава секоја има свое место. Клучот се Копенхагеншките критериуми, владеење на правото, квалификувана администрација, жестока борба со корупцијата и криминалот, зошто тие го загрозуваат суверенитетот на државата, рече Силјановска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.