Поранешниот Претседател на Собранието на Република Македонија, Вељаноски, не само што нема да поддрже уставни измени, туку и ќе го бојкотира претстојниот референдум

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 11:33

Совеста не ми дозволува да излезам на референдум кој е длабоко манипулативен

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија и актуелен пратеник од ВМРО – ДПМНЕ, Трајко Вељаноски се огласи на социјалните мрежи, во врска со најавените уставни промени но и претстојниот референдум.

Вељаноски отиде чекор подалеку од своите колеги кои изјавуваат дека се верни на Уставот на Република Македонија и дека немаат мандат од своите гласачи воопшто да помислат на уставни измени.

Вељаноски во почетокот на своето излагање го соопштува и својот став за бојкот на претстојниот референдум.

Поранешниот претседател на Собранието на Македонија напиша:

“Совеста не ми дозволува да излезам на референдум кој е длабоко манипулативен, а верувам дека овој став ќе преовлада и кај најголемото мнозинство граѓани на Македонија.

Истовремено, доколку власта, независно од ваквата подмолност, одлучи да ја продолжи постапката во Собранието преку уставни измени за промена на уставното име, недвосмислено нема да ги поддржам истите.”.

* Трајко Вељаноски (2 ноември, 1962 во Слививо, Охридско) e Македонски политичар и правник.

Вељаноски е осмиот по ред Претседател на Собранието на Република Македонија кој должноста ја извршувал од 2008 до 2016 година. 

Во собранието ги вршел и должностите како претседател на комисијата за уставни прашања и шеф на делегација на Собранието на Македонија во интерпарламентарната унија.

Член е на ВМРО – ДПМНЕ и е актуелен пратеник во овој собраниски состав. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести