Со тешка сообраќајна несреќа на 20 км од Софија животот го загубија 16 лица а 28 се повредени

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 7:56

Страшна сообраќајна несреќа во Бугарија – 16 мртви и 28 повредени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку 16 луѓе загинаа а 28 се повредени кога туристички автобус се превртел на автопат недалеку од Софија соопштија бугарските власти.

На лице место загинале 13 а тројца на пат кон болница. Несреќата се случила на 20 километри северно од Софија.

Според информациите од бугарските медиуми автобусот од засега непознати причини удрил во неколку автомобили се превртел и паднал во клисура. Поради инцидентот сообраќајот е во прекин.

Четири болници во главниот град се мобилизирани за да ги примат повредените лица. Полицијата соопштила дека автобусот превезувал туристи кои оделе на викенд патување во блиските одморалишта.

Повредените се хоспитализирани а некои се во сериозна критична состојба изјавиле медицински лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести