Тасевски посветувајќи дел од статусот на верашната Парада на Гордоста вели дека доколку се  сотрат темелите на едно општество и држава, а тоа се семејството и улогата на мајката, а потоа и онаа на таткото, сфатени според јудеохристијанскиот систем на вредности, зашто на него беше поставена повоена Европа, тогаш е готово.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јуни, 2019 16:33

Тасевски удри по власта: Новите европски вредности водат во кочината со свињите

Фото/Текст извор: ©мгазин.мк

Актерот Сашо Тасевски и овој пат посвети статус на владеачката СДСМ. Тој вели дека во моментов Македонија како држава на македонскиот народ веќе не постои ниту на хартија. 

Сашо Тасевски во 1995 година дипломирал на катедрата за актерска игра на Факултет за драмски уметности – Скопје. Во 1998 година се вработил како глумец во Драмски театар во Скопје, каде остварил преку педесет театарски ролји во матичниот и други театри низ државава, но и како соработник со други театарски институции и проекти.

Тасевски посветувајќи дел од статусот на верашната Парада на Гордоста вели дека доколку се  сотрат темелите на едно општество и држава, а тоа се семејството и улогата на мајката, а потоа и онаа на таткото, сфатени според јудеохристијанскиот систем на вредности, зашто на него беше поставена повоена Европа, тогаш е готово. Немаш ни семејство, ни блиски, ни држави, ни Европа, ни вредности, ни морал, ни почит. Немаш ништо. Имаш прекрасен нов свет.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во целост…

Не сум верник. Не се крстам во црква, не се молам. Ништо од тоа. Професионална деформација од глумата. Не го правам она во кое не верувам. Иако имам пријатели од црквата. Со еден од нив, отец Михаил станав близок пријател. Ни оди муабетот. По убедување не знам што сум. Тврдокорните, во време на Груевски ме етикетираа како анархолиберал, некои како левичар, наркоман, педер, комуњар, изрод, предавник и така му натаму.

Се смени власта, сега оние на власт во мене гледаат, кромањонец, хомофоб, заостанат, сељак кој не дели европски вредности…
Искрено, не знам што сум од сето ова. Можеби сум се од тоа, можеби ништо.
Но и тоа како имам нос да насетам зло. Умрени луѓе уште не гледам како шетаат меѓу нас, ама злото го гледам. Не е мала трагедија што ќе исчезнеме како народ со своја матична држава, за некое време, бидејќи и онака веќе ја немаме. Македонија како држава на македонскиот народ веќе не постои ниту на хартија. Наскоро таа ќе се доподели, федерализира. Скопје ќе се подели. Кантони, секоја со свој премиер, чауш и градоначалник. Со двојно претседателство. Само војската ќе остане божем заедничка.
Но пред да се случи тоа, ќе го поделат човекот во нас. Ќе не напраат шизофрени. Да не знаеме каде тераме и што сакаме. И што беше она што некогаш го сметавме за морално и доблесно. Ќе направат сето тоа да го.заборавиме.
И доаѓаме до поентата.
Ако ги сотреш темелите на едно општество и држава, а тоа се семејството и улогата на мајката, а потоа и онаа на таткото, сфатени според јудеохристијанскиот систем на вредности, зашто на него беше поставена повоена Европа, тогаш е готово. Немаш ни семејство, ни блиски, ни држави, ни Европа, ни вредности, ни морал, ни почит. Немаш ништо. Имаш прекрасен нов свет. Содома и Гомора. Дистописко место од филмовите со Лудиот Мак, од книгите на Орвел. Обична животинска фарма во која владеат свињи. Новите европски вредности водат токму таму. Во кочината со свињите.
Ако се разбираме, што писателот сакаше да каже., тогаш во ред. Па бил он заостанат, неверник, изрод или хомофоб.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.