Вчера, Хрватска 1 заразен, Словенија 1 заразен, Црна Гора нула заразени. Ние вчера 37 заразени, денес 23 заразени. Бројките се незгодна ствар, коментира актерот Сашо Тасевски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 мај, 2020 17:24

Тасевски повторно удри по власта: Вие сте неспособни, немате авторитет ни до Чаир!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот македонски актер, и поранешен директор на Драмскиот театар Скопје, Сашо Тасевски во последно време постојано плука по власта, посочувајчи дека е неспособна, па така и овој пат, испровоциран од настаните во скопската насела Чаир, каде во време на полициски час се играше оро, со зурли и тапани.

Во 2007 е објавена неговата прва збирка драми „Шмизла“ која доживува три изданија. Во годините што следат, објавува уште една збирка драми „Аеродромци“ и четири романи, култниот роман „Пеперутка“[4], потоа „Угурсуз“, „Принцезата на малиот принц“ и „Отпозади“ со кои создава голема читателска публика. Остварува и две забележителни улоги во монодрамите, Човекот од соба седум и особено во Секс, Дрога и Рокенрол на сцената на драмскиот Театар во Скопје. Во 2013 година, добитник е на наградата „Најчитан писател во Македонија“ во сите библиотеки низ државата во конкуренција на странски и домашни писатели која ја доделува НУБ Климент Охридски. Во 2017 година е назначен за директор на Драмски театар – Скопје.

Вчера, Хрватска 1 заразен, Словенија 1 заразен, Црна Гора нула заразени. Ние вчера 37 заразени, денес 23 заразени. Бројките се незгодна ствар, коментира  на својот Фејсбук профил актерот Сашо Тасевски.

„И доста со бајките луѓето се виновни зашто се непослушни. Тие се такви секаде каде нема родител да ги плесне по газето. Државата е таков родител. Кога ја нема, тоа е.

Дома ако децата не се разбираат од збор, следи казна. Да видиш после како гувеат, тишина.

Затоа доста покажувате со прст кон верници или неверници како биле сељаци и глупи.

Не. Да имаше држава и власт со авторитет, ќе беше МУКЛА. Ни лажичиња ни рамазани, ништо. Сите ќе беа дома кога треба.
Вие како власт сте неспособните, зашто калкулирате за гласови и избори и затоа што немате авторитет ни до Чаир. Ај здраво“-порача тој.

Сашо Тасевски во 1995 година дипломирал на катедрата за актерска игра на Факултет за драмски уметности – Скопје. Во 1998 година се вработил како глумец во Драмски театар во Скопје, каде остварил преку педесет театарски ролји во матичниот и други театри низ државава, но и како соработник со други театарски институции и проекти. Во 2002 година, добитник е на националната театарска награда за најдобра актерско остварување на фестивалот Војдан Чернодрински за улогата на ЦИБРА во претставата ТЕТОВИРАНИ ДУШИ. Во 2004 година магистрира театролошки науки на ФДУ, одбранувајќи ја тезата „Театар во празното“.

По негово сценарио, во 2008 година е снимена куклената тв-серија за возрасни ВРЕМЕТО ДЕНЕС во режија на познатиот бугарски режисер Боњо Лунгов. Серијата се емитуваше во 46 епизоди.

Во 2010 година во Драмски театар е праизведбата на неговата драма ИНТЕРМЕЦО.

Остварува улоги во неколку македонски серии како: Салон Хармони, Сакам да бидам кошаркар, Еурека, Тврдокорни и Преспав, но и во неколку тв-филмови и драми: Дичо Зографот, Девет пораки и други.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...