За која правда зборувате? Па вие добро знаете дека еден ден тие ќе излезат од тие зандани и што тогаш драги ,,ПРИЈАТЕЛИ,, дали тоа ќе биде за 5,10 или 15 год и што ќе правите тогаш.

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 февруари, 2020 21:12

Таткото на Јане Ченто со порака до политичарите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Предавници на МАКЕДОНИЈА, ви се ближи денот кога ќе се соочите со нашиот гнев, гнев кој нема да има крај за такви ко вас. За брзо ќе ве нема на сцената. Ние сме голема фамилија, а име и презиме и е МАКЕДОНИЈА – МАКЕДОНИЈА, пишува во Фејсбук статус Коле Спиркоски, таткото на Јане Ченто кој беше осуден на 15-години затвор, како обвинет во случајот „27 април“.

Коле Спиркоски, таткото на Јане Ченто кој беше осуден заради учество во настаните на 27 април во Собранието и беше осуден на 15 години затворска казна, на социјалните мрежи напиша статус во кој вели дека наместо предавниците на Македонија да гнијат во затворите, нивните деца се по затвори да скапуваат ни криви ни должни.

Тој вели дека криминалците си се договараат кој закон им одговара за Јавно Обвинителство, а уставот бранителите кои сакаа да го заштитат уставот името и идентитетот на 27 Април добија 211 години затвор.

Спиркоски порача дека се ближи денот кога предавниците за брзо ќе ги нема на сцената, бидејќи гневот на родителите, браќата, сестрите сопруги и деца големи и мали на мнозинството македонски народ, веќе ја прели чашата и гневот веќе е преголем за да може да се издржи.

Ви го пренесуваме во целост неговиот Фејсбук статус:

-Нема да барам да се бранам од слобода или од куќен притвор да не повторно на некој му текне така лесно да ме врати во притвор. Не се плашам од затворот, историјата ќе ме ослободи.

Драги браќа и сестри до кога вака!

Криминалците си се договараат кој закон им одговара за Јавно Обвинителство, а уставот бранителите кои сакаа да го заштитат уставот името и идентитетот на 27 Април добија 211 год. затвор и никој мува не го лази за нив. А еве веќе трета година се во затвори неправедно осудени. За која правда зборувате? Па вие добро знаете дека еден ден тие ќе излезат од тие зандани и што тогаш драги ,,ПРИЈАТЕЛИ,, дали тоа ќе биде за 5,10 или 15 год и што ќе правите тогаш.

Ги заборавивте играјќи со вашите игри и политички договарања. Вие сакате да си ги спасите криминалните задници а тие ќе одат жртва т.е. курбан за вас ќе скапуваат во затвори. Е па не ќе може така велика господа. Гневот наш на родителите, браќата ,сестрите сопруги и деца големи и мали на мнозинството македонски народ веќе ја прели чашата и гневот веќе е преголем за да може да се издржи. Доста е веќе ќе почнеме да ја пееме нашата ама на друг начин без многу шетање. Кратко и јасно .Вие копилиња едни и понатаму си договарате скриени амнестии ,а јавно и јасно ги гледа народот и при очи и уши сакате да не направите недоветни како ништо да не се случува.

Пример Крсто МУУУУ М.М.Е. па тие ОХРИДСКИ ДОКТОРИ ДРМОСЕРЦИ АЧИК ГЛЕДА ЦЕЛ СВЕТ КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА 27 АПРИЛ ги амнестираат а децава наши по затвори ќе скапуваат ни криви ни должни. Тие се тие најголемите предавници на МАКЕДОНИЈА.

Па и за тоа ги одликуваат со ордени то ест ТЕНДЕРИ за заслуга за предавство. Ви се ближи денот кога ќе се соочите со нашиот гнев, гнев кој нема да има крај за такви ко вас.

За брзо ќе ве нема на сцената.

Ние сме голема фамилија а име и презиме и е МАКЕДОНИЈА – МАКЕДОНИЈА !!!

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !!!!!

Минатата година на 15 март, во Кривичниот суд во Скопје беа изречени пресудите за 17-те преостанати, од првично 33 обвинети за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, познат во јавноста како „27 април“.

Обвинетие за „крвавиот четврток“ беа прогласени за виновни за терористичко загрозување на уставниот поредок.
Поранешниот министер на МВР, Митко Чавков е осуден на 18 години казна затвор. Митко Пешов на 5 години. Душко Лазаров е осуден на казна затвор од 15 години, а внукот на првиот македонски претседател Методија Андонов Ченто, Јане Ченто е осуден на 15 години.

Јане Ченто, кој беше осуден на 15-години затвор, како обвинет во случајот „27 април“, не побара да се брани од слобода до правосилност на пресудата, бидејќи како што рече, секако ќе биде напишана некоја службена белешка со која ќе биде вратен во притвор.

-Нема да барам да се бранам од слобода или од куќен притвор да не повторно на некој му текне така лесно да ме врати во притвор. Не се плашам од затворот, историјата ќе ме ослободи. Еден ден ќе угрее сонцето на слободата. Да живее Република Македонија – кажа Ченто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...