Косовскиот претседател Хашим Тачи, со нови провокации, време е да се разгледа можноста за обединување на Прешевската Долина со Косово

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 9:28

Тачи: Историски момент за обединување на Прешевската Долина со Косово

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека постои реална можност за обединување на Прешевската Долина со Косово, со што, според него, би се реализирало легитимното право на Албанците од таа област во јужна Србија.

Тачи на својот профил на социјалните мрежи напиша дека во понеделникот и вторникот имал средби со претставници на академскиот свет, бизнисмени, млади, студенти, поранешни борци на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац (ОВПМБ), на албанската дијаспора, претставници на граѓанското општество и новинари од Прешевската Долина, а главна тема на разговорите било припојувањето на Долината кон Косово.

Обединувањето на Прешево, Медвеѓа и Бујановац беше главна тема на нашите разгвори. Заеднички заклучок беше дека ова е историски момент за заживување на легитимното право на граѓаните на оваа област, во рамките на дијалогот меѓу косовската и српската држава. – напиша Тачи.

Тој додава дека на конференцијата на Франкофонијата во Ереван во Ерменија ќе зборува за можноста за корекција на границата, со можност за обединување на Прешевската Долина со Косово.

На заложбите на Тачи се спротивставуваат речиси сите политички субјекти во Косово, како и јавноста, а премиерот Рамуш Харадинај во понеделникот изјави дека “идејата за корекција на границите е мртва”. Тачи реагираше со предупредување до Харадинај дека “ако не се корегира во ставовите и изјавите, може да биде сменет”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.