Владата до сега се задолжила за 930 милиони евра, а се раздолжи за 630 милиони, според ВМРО - ДПМНЕ не е јасно каде се 300 милиони евра за кои Тевдовски тврди дека се нето

Објавил: Мартин Попоски | 30 октомври, 2018 9:20

Тевдовски го брани ребалансот, опозицијата бара оставка

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Жестока расправа при почетокот на ребалансот на Буџетот во Собранието, остри вербални рафали и довикувања од место, падна и барање за оставка за Тевдовски.

Ребалансот е минимално прилагодување на приходната и расходната страна, клучно во него е што 92 милиони евра од неискористените капитрални инвестиции ќе се пренаменат.

Поточно 50 милиони евра ќе одат кај општините, за тие да ги исплатат своите заостанати натрупани обврски кон стопанството и конечно да им заживее економската активност.

Во одбрана на оваа корекција на државната каса министерот Тевдовски рече и дека пари ќе има и за пензискиот фонд, за редовна исплата на пензиите, но и за Фондот за здравство и Агенцијата за вработување.

Сега им помагаме, но веќе нема да дозволиме општините да трупаат нови долгови, тоа ќе го направиме преку законски измени. – рече министерот Тевдовски.

Клучни цели ќе ни бидат, дециден е министерот, економијата и натаму да расте, да се зголеми вработеноста, животниот стандард и социјалната правда, а земјава да се приближи кон НАТО и Европската унија.

Опозицијата едвај чекаше да истури силни критики врз економските политики на власта, рече дека таа ги направила најголемите економски промашувања.

Со овој ребаланс, кој е нереален, таа покажала дека е Влада за само едно прашање, а нема да и се оствари ниту намалената стапка на раст од 3.2 на 2.8 отсто, ниту намалените капитални инвестиции од 400 на 300 милиони евра.

Му порачаа на министерот да си поднесе оставка.

Оваа Влада се задолжи за 930 милиони евра, а се раздолжи за 630 милиони, затоа постојано ве прашуваме. – рече Кузмановска, каде се тие 300 милиони евра, но не ни одговарате.

Министерот Тевдовски, пак, објасни дека нето задолжувањето е 369 милиони евра, но парите што годинава нема да се потрошат за покривање на буџсткиот дефицит, 69 милиони евра, ќе се префрлат на депозитната сметка за наредната година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...