Формулата да се бира претседател на државата со консензус е само трик за местење на претседател кој ќе им одговара само на една тесна група на политичари

Објавил: Данаил Михајловски | 4 јануари, 2019 23:46

Трикот за консензуален претседател

Фото/Текст извор: ©магазин

Заев изјави дека со Ахмети се во потрага по консензуален кандидат за претседател на државата во духот на паролата “едно општество за сите“. Но, трикот е провиден. Тоа нема да биде кандидат за сите и на сите граѓани, туку тоа ќе биде кандидат кој им одговара на Заев, на Ахмети и можеби на уште неколку влијателни функционери од врвот на ДУИ и СДСМ.

Дали Заев ги претставува сите македонци. Не! Дали Ахмети ги претставува сите албанци. Уште помалку. Кој одлучува во име на ромите, турците, србите кога ќе се договара можен консензуален канидат за претседател? Никој. Како ќе бидат консултирани партиски неопределените гласачи пред двајца партиски лидери да се договорат за нивниот фаворит за претседател на државата? Никако. Општеството е многу повеќе од кланот на Заеви, и од тендер екипата на Ахмети, како Бујар Османи, Исмаил Пуцко Петрол и Арбер Адеми. Тие се мал дел од општеството, но не се и не можат да бидат претставници на целото општество.

Токму Заев, прашан во една предизборна дебата на “Телма“ дали има намера да прави влада со ДУИ како дотогашни верни партнери на Груевски, рече: “и по цена на неформирање на влада немам намера да правам коалиција со криминалци“! Затоа консензуалниот кандидат за претседател што Заев треба да го договори со Ахмети би бил производ на една политичка перверзија во која корупцијата и неказнивоста ќе доминираат врз демократијата.
Ахмети го посочи Денко Малески како можен заеднички претседателски кандидат на ДУИ и СДСМ. Но, дали овој предлог е даден пред време за да изгори во лицитациите, наскоро ќе видиме. Без разлика дали ќе биде Малески, Оливер Спасовски или Шеќеринска, фер е да се каже дека тој кандидат ќе биде наметнат избор на двајца партиски лидери, а нема да биде личност на “едно општество за сите“!

Истовремено, многу гласачи на СДСМ со право очекуваа дека Заев ќе донесе правда и одговорност пред законите. Но, денес се сведоци дека, во име на власта, доминираат договори за амнестија, наместени судски пресуди, договори за тендери и апсолутна неказнивост на ниту еден поранешен или сегашен функционер на ДУИ. А токму Заев, прашан во една дебата на “Телма“ дали има намера да прави влада со ДУИ како верни партнери во претходната влада на Груевски, рече: “и по цена на неформирање на влада немам намера да правам коалиција со криминалци“!

Токму ваквиот однос на Заев кон ДУИ може да биде и причина која ќе демотивира многу чесни граѓани, и македонци, и албанци, и роми и турци, воопшто и да не учествуваат на изборите. Но, ваквото елитистичко држење на власта која по секој цена сака да ги завземе сите позиции во државата, може да мотивира и многу гласачи да излезат на претседателските избори и да гласаат против консензуалниот кандидат на Заев и Ахмети. Триковите со фразите “консензуален кандидат“ и “едно општество за сите“ веќе се разоткриени. Таквиот кандидат, без разлика дали тоа е Малески, Шеќеринска или Оливер Спасовски, ќе биде кандидат за претседател кој ќе им одговара само на една тесна група на политичари на власт, а народот повторно ќе биде третиран како неинтелегентна гласчка маса. Но, времињата денес не се исти како вчера.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...