Трифун Костовски укажа на тоа дека актуелната влада не води соодветни економски политики.

Објавил: Данаил Михајловски | 25 март, 2019 22:06

Трифун Костовски: Го убија градежништвото!

Фото/Текст извор: ©магазин

„Градежништвото малтене е мртво, го убија“, изјави Трифун Костовски на гостувањето во дебатната емисија на 24Вести. Критиката се однесуваше на забраните за градба, особено во Скопје и во општина Центар, кои актуелната власт несоодветно ги менаџира преку недонесување на ДУП-ови и дека многу фирми кои имале добиени банкарски кредити за градежни проекти, денес се несолвентни токму заради ваквите несериозни политики.

Поранешниот градоначалник на Скопје исто така се пожали дека и тој лично 17 години има проблем со парцелата “Кермес“, која ја поседува во Градскиот парк во Центар и има платени комуналии, но дека ниту денес после смената на власта никому не му текнало да му помогне да добие маркица за градба на таа локација. Трифун Костовски истакна дека тој лично ја гледа својата иднина во Македонија, но за жал многу образовани млади луѓе заминуваат од земјата во странство, таму бараат економска перспектива и таму трајно ги формираат своите семејства. Инаку, во изминативе 6-7 години Трифун Костовски важеше за гласен критичар на владата на Груевски и лично даде поддршка на протестите организирани од СДСМ за смена на власта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...