Полека се стабилизира вредноста на турската Лира во однос на американскио Долар, пад што беше директен резултат на политички притисок од САД кон Турција

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2018 7:51

Турската лира со пораст во однос на доларот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Вредноста на турската лира порасна во однос на американскиот долар во средата пред средбата на Комисијата за монетарна политика на Централната банка на Турција.

Вредноста за размена меѓу доларот и лирата опадна 6.3512 околу 14:30 часто по локално време, односно 1 процент.

Во средата, пак, вредноста за размената долар кон лира беше 6.4440 околу 9:30 часот.

Централната банка очекува каматите да растат во текот на неделата. На 3-ти септември банката најави дека ќе продолжи да ги користи сите расположливи мерки за да добие на стабилност.

Во моментов, каматните стапки се под годишното ниво на инфлација во Турција.

Според Заводот за статистика на Турција “Туркстат” годишното ниво на инфлација на земјата достигнало 17.9 проценти во август во споредба со јули, кога бројката изнесувала 15.85 проценти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести