Македонските државјани борци за ИСИС од Скопје - Прилеп - Тетово и Гостивар регрутирани од имамот Реџеп Мемиши од чаирската џамија Тутунсуз

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 12:37

Уапсените македонски борци на ИСИС биле радикализирани од оџата Мемиши

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Седуммината борци за Исламска држава кои во вторникот беа депортирани во Македонија биле ученици на имамот Реџеп Мемиши од чаирската џамија Тутунсуз.

Тој е осуден на седум години затвор за учество и организирање паравојска и регрутирање војници за борба во редовите на Исламската држава.

Терористите по потекло од Скопје – Прилеп – Тетово и Гостивар се на возраст од 23 до 41 година. Тие беа заробени во Сирија како дел од соработката со глобалните коалициски сили и логистичка поддршка на САД а донесени со воен авион.

Сите ќе одговараат по Член 322-а а еден од нив и по Член 394-а од Кривичниот закон.

Во Тутунсуз џамијата во Скопје со години проповеди држел имамот Реџеп Мемиши кој не бил на списокот на свештени лица на ИВЗ. Мемиши во една прилика изјавил дека во своите проповеди го славел џихадот и шехидите оние што ги жртвуваат своите животи за исламската вера.

Во август 2015-та година македонската полиција спроведе голема антитерористичка акција “Ќелија” против лица што учествувале во врбување македонски државјани за учество во паравоени формации. Дел од уапсените беа и директни учесници на боиштата во Сирија и Ирак.

Во акцијата беше приведен и имамот Реџеп Мемиши.

Судењето за случајот “Ќелија” во кои обвинетите се товареа за соработка со екстремна сунитска организација Исламската држава по признавање на вината имамот Реџеп Мемиши доби 7 години затвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести