Заев повеќе сака да се говори за одметнатите пратеници на ВМРО - ДПМНЕ отколку за реалните проблеми со Беса и АзА, поради кои уставните измени стануваат неизвесни

Објавил: Мартин Попоски | 30 октомври, 2018 9:50

Уценувачот уценет, или ќе бидат над 10 амандмани или нема уставни измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И додека премиерот Заев “троши” на време кое го нема, како крајниот рок за доставување на амандманите до законодавниот дом е во сабота, партиите Беса и Алијанса за Албанците пишуваат нови.

Беса на Билал Касами достави до Владата свои предлози за уставни амандмани. Измени на Уставот за унапредување на статусот на Албанците бара и партијата на Зијадин Села.

Билал Касами од Беса, најавува дека тие нема да ја користате терминологијата уцена, туку ќе го користат речникот на премиерот кој за уставните измени изрази надеж за 2/3 мнозинство.

Некои од нив се отворени прашања, историски за албанскиот народ за кои е ангажирано Движењето Беса од своето основање. – вели Кастриот Реџепи потпретседателот на БЕСА, од крилото на Касами.

Алијансата за Албанците сметаат дека Заев мора да го оствари ветеното од Тиранската платформа.

И господинот Заев зема околу 50-60 илјади албански гласови кажувајќи дека албанскиот јазик ќе биде официјален јазик. – вели генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

За партиите на Албанците кои се на власт овие барање се маркетинг на опозицијата.

Политичка пропаганда за ситно профитирање од нивна страна на големи национални теми кои што веќе се, нели истрошени, затоа што веќе го усвоивме Законот за јазиците во Собранието на Република Македонија и тој само што треба да се објави во Службен весник со потпис од претседателот Џафери, како и господинот Иванов. – вели пратеникот од ДУИ, Артан Груби.

Но, независно од политичката полемика, има ли правна основа за барањата на Касами и Села?

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, од друга страна има подиректен пристап кон потребите за нови амандмани. Заев искористи над 50.000 албански гласа на изборите затоа што вети дека ќе ја реализира Тиранската платформа. Ова се амандмани кои произлегуваат од неа.

Се консултиравме со правни експерти при составување на овие барања и сме во постојани консултации, не сакаме да прогнозираме и да мислиме дека на ниту еден начин нема да се прифатат нашите предлози, напротив, ние сме оптимисти и иако  не се веруваше дека ќе се соберат дво-третинските гласови за уставните измени, тоа се случи и ние мислиме дека и во овој случај, на крај, се ќе заврши успешно и повеќето од нашите предлози ќе бидат составен дел од текстот. – вели Реџепи.

Амандмани се пишуваат и во Алијанса за Албанците. Генералниот секретар на партијата, Арбен Таравари, вели дека не станува збор за пазарење туку за легитимни и правно издржани барања.

Дојдовме во ситуација кога зборуваме за криминалци, луѓе кои сакаа да убијат, зборуваме дека можеме нив да ги амнестираме, а за албанскиот јазик за уставна категорија никако не можеме да зборуваме. Едното не е табу, другото е табу, ова се ненормални работи во едно општество.

Видете, уставот е отворен пред 16 години, следниот пат ќе се отвори можеби 2035 или никогаш, затоа ништо не е табу да се отвори и да се зборува. Сега е моментот кога може да се направат одредени промени, зад кои што стоеше и премиерот и албанските партии. – смета Таравари.

Официјално Беса достави 4 амандмани до владата и бара тие да се интегрален дел од пакетот кој ќе биде доставен до Собранието во сабота, Алијанса за Албанците најавија 2 барања за уставни корекции но и тие ќе бидат доставени во четири амандмани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести