Синоќешната "седенка" на европратениците и дел од администрацијата на ЕУ, преставена како седница на Парламентот на Европа која е закажана за денес е обична фарса

Објавил: Мартин Попоски | 29 ноември, 2018 8:41

Фарсата наречена Европски парламент, кој заседава денес а не вчера

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во Брисел вистинска драма на синоќешната координативна седенка на европратениците со администрацијата на ЕУ, претставена како дебата на седница на Европскиот парламент која реално никогаш не се одржала.

Со исклучок на неколку екстремистички гласови од Грција и Бугарија, огромното мнозинство европратеници синоќа на дебатата пред гласањето за извештајот за Македонија побараа старт на преговори за членство во ЕУ во јуни, но потсетија дека земјата мора да продолжи со исто реформско темпо.

Известувачот Иво Вајгл, но и други европратеници потсетија дека не само Македонија, туку и Европската Унија треба да ги исполни своите ветувања во евроинтегративниот процес.

Тој како и многумина други го поздрави Преспанскиот договор и повика тој да биде комплетиран во македонското Собрание и порача дека верува дека преговорите со ЕУ ќе започнат во јуни 2019.

Иво Вајгл како известувач за Европската Комисија за Македонија, на официјалните извештаи веќе половина година се потпишува како известител за Северна Македонија, со што е јасно дека стартот на преговорите со ЕУ во јуни се фарса пред денешното гласање а во корист на Преспанскиот договор. 

За ова потребна е инклузивна демократска атмосфера, сите треба да соработуваат, треба да се модернизира судскиот систем, да се почитува владеењето на правото, да се создаде простор за слободни медиуми, да се заштитат новинарите и да се води ефикасна борба против корупцијата и организираниот кримина. – порача Вајгл.

Еврокомесарот Хан истакна дека земјата се врати на евроатлантскиот пат и ги поздрави изгласаните уставни измени нарекувајќи ги храбар чекор кој очекува да продолжи без одлагање.

Важно е реформскиот момент да се продлабочи во интерес на граѓаните, изјави Хан потсетувајќи на трите услови запишани во заклучоците на Советот на ЕУ од јуни, независно судство и борба против корупција, контрола на разузнавачките и безбедносните служни и реформата на јавната администрација, реформи без кои преговори не можат да бидат доделени. – истакна Хан.

Тројца пратеници од Романија, која го презема претседателството со ЕУ од први јануари 2019, силно поддржаа почеток на преговори со Македонија и изразија жалење што досега тоа не се случило.

Македонија е земјата кандидат со најголем степен на усогласеност со европското законодавство. – изјави Виктор Боштинару.

Заменик министерот Жерновски треба да е благодарен на македонското министерство за пропаганда и спонзорите од ЕУ, Могерини и Хан, кои синоќешната “седенка” на Европарламентот ја промовираа во седница која регуларно е закажана за денес а не за вчера.

Кристијан Дан Пред од ЕПП ја повика Грција на повеќе разбирање кон Македонија особено по острите критики на неколку грчки пратеници како Софиа Сакорафа која изјави дека нема да го поддржи извештајот на Вајгл за Македонија.

Преспанскиот договор не е изводлив, изјави таа порачувајќи дека уставните измени го нарушуваат договореното. – истакна Дан Пред.

Константинос Пападакис од Комунистичката партија, пак, порача дека извештајот на Иво Вајгл е „прекршување на ЕУ“ и дека претставува „потклекнување пред големиот капитал за интересите на европските монополи“.

Земја која до вчера не беше подготвена, сега преку ноќ стана подготвена, ова е лудило. -изјави Пападакис и потврди дека ќе гласа против извештајот.

Претставничката на австриското претседателство, Каролин Едстадлер, од своја страна, слично како и комесарот Хан потсети на преостанатите реформи кои се потребни за почеток на преговори и повика да се најде начин да се обезбеди непрекинато работење на СЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...