Пејачката со послените фотографии ги изненади фановите. Имено на фотографиите може да се забележи дека Рада ја корегирала устата, и е сосема непрепознатлива.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јули, 2019 2:34

ФОТО: Нема да ја препознаете -Рада Манојловиќ го промени личниот опис

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата српска пејачка Рада Манојловиќ од почетокот на својата кариера па до сега може да се каже дека имаше големи промени, но овој пат стигна до граница на непрепознатливост.

Последната фотографија на Инстаграм на Рада Манојлович, каде може да се забележи дека пејачката направила корекција на усните

Пејачката со послените фотографии ги изненади фановите. Имено на фотографиите може да се забележи дека Рада ја корегирала устата, и е сосема непрепознатлива.

Инаку Радмила Манојловиќ фотографијата ја сподели со своите фанови на Инстаграм, а фановите се воодушевени од нејзината промена.

Инаку таа е една од оние естрадни ѕвезди коијавно говорат дека не би промение ништо на себе и дека го почитуваат природниот изглед, но изгледа со текот на времето се предомислила.

Рада, постојано во јавноста  говореше како не треба ништо вештачко да се вградува на себе и дека таа е задоволна она што го поседува и не би корегирала ама баш ништо, но сепак српските медиуми веќе на големо пишуваат дека доколку јавно не говорела за тоа во минатото можеби сега и не би се дигнала долкава фама околу нејзините корекции и срамот би бил помал.

Рада Манојловиќ се почесто изненадува со својот изглед

Сепак мора да се потсетиме дека пејачката, корекциите ги правеше постепено низ нејзината кариера.

Најпрво направи корекција на  забите, потоа носот, па денес и усните, но сето тоа постепено за да не ја забележи никој.

 

На последната фотографија фановите останаа во неверување и ја запрашаа пејачката дали е она навистина?, погледнете.

Инаку во последните неколку дена пејачката е се почесто мета на озборување и поради веста дека е бремена и дека тајно се омажжила за својот партнер Харис Берковиќ, а како што објавија српските медиуми наводно радосната вест прва ја споделила со својата сестра.

Рада на другарките и се жалеше дека постојано ја болат градите и цело време и се спие. Кога ја прашаа дали цикслусот и е редовен, таа призна дека чести и доцни, а има и мачнини, па се посомнева дека е бремена, рекол извор близок на пејачката за српски „Свет“.

 
 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.