Пејачката истакна дека нејзината постара колешка секогаш била со неа во тешки моменти.

Објавил: Весна Петровска | 7 ноември, 2019 19:05

КОЈ НЕ ТЕ ЗНАЕ СКАПО БИ ТЕ ПЛАТИЛ:Рада упати порака до Карлеуша

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Српската пејаќка Рада Манојловиќ се појави на настан на кој беше и дивата Јелена Карлеуша, а потоа и испрати порака преку својот Инстаграм профил.

Пејачката истакна дека нејзината постара колешка секогаш била со неа во тешки моменти.

„Знаете што, може со денови да се зборува за неа и да се кажува за нејзините доблести, хуманост, жртвување и други добри дела, но знаете дека народните изреки се моја слаба специјалност и затоа Јелена ќе се обидам да ја опишам со една, но вредна изрека, која ми ова утро падна на памет: „Кој не те знае скапо би те платил, но кој те знае никогаш нема да те продаде.“ Ти благодарам како и секогаш за се. Затоа што секогаш си човек за мене, затоа што секогаш ме пречекуваш со широко и отворено срце и ми даваш вистински совети. Никогаш нема да ги заборавам првите зборови во авионот по мојот неодамнешен инцидент, кога се исплашив како ќе звучи и што ќе им кажам на медиумите кога слетав, ти ми даде утеха: „Главата горе, нема тука срам, тоа е само нова лекција и искуство“. Мислам дека овие зборови, после се навистина многу ми значеа и во тој момент ме смирија и добив дополнителна енергија, така да никој не е како неа„ напиша Рада на својот Инстаграм.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.