Фронтекст со 1.300 полицајци повторно на границите кон Србија, Македонија и Албанија, а се очекуваат и на границата со Црна Гора, следи ли нова мигрантска криза на Балканот

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 11:57

Фронтекс доаѓа на Западен Балкан, следи ли нова мигрантска криза?

Фото/Текст извор: ©dw.com/магазин.мк

Србија се согласила да обезбеди пристап на граничарите од Фронтекс, објави Дојче веле на српски јазик, повикувајќи се на извори од Брисел.

Планот е дел од стратегијата на ЕУ за зајакнување на контролата на границите и зголемување на бројот на депортации.

Согласно тоа, Германија во Фронтекс би париципирала со 1.300 полицајци, кои на меѓудржавните граници во Европа би требало да помогнат при патролите и контролите на документи.

Фронтекс ќе дејствува и на територијата на трети држави, што би значело и на Западен Балкан, кој е дел од балканската рута. Европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос тврди дека соодветни договори веќе се постигнати со Србија, Македонија и Албанија, наведува Дојче веле.

Во текот на јули, еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан потврди дека се преговара за пристап на Фронтекс на територијата на Србија и Македонија. Сега тоа е веќе договорено, наведува ДВ.

Иако Аврамопулос конкретно не ја спомна Црна Гора, подгорички „Вијести“ во јуни објавија дека црногорската Влада подготвила нацрт-договор, согласно кој припадниците на Фронтекс би можеле да дојдат во помош во случај на прилив на мигранти, а за возврат во Црна Гора не би можеле да бидат кривично гонети.

Досега, припадници на Фронтекс беа на границата меѓу Грција и Македонија, и на границата меѓу Хрватска и Србија.

Согласно новиот план, единиците на Фронтекс би располагале со околу две милијарди евра, како и со авиони, бродови и оружје. ДВ наведува дека во пракса тоа би значело дека некоја членка на ЕУ кога очекува пристигнување голем број бегалци, ќе побара помош од Фронтекс, кој потоа би ја презел целосната процедура за одлуката за азил, при што конечната одлука ќе остане во надлежност на суверените држави.

*Фронтекс е Европската агенција за граница и крајбрежна стража, (од француски: граници extérieures за “надворешните граници”) и е агенција на Европската унија со седиште во Варшава, Полска, задолжена за контрола на границата на Европската Шенген зоната, во координација со чуварите на земјите членки на Шенген зоната.

Фронтекс е основана во 2005 како Европската агенција за управување со оперативна соработка на надворешните граници, а одговорена за координирање на напорите за гранична контрола.

Мандатот на Фронтекс и трансформацијата во полноправна европска гранична и крајбрежна стража се слуи на 18 декември 2015 година, кога Европскиот совет силно го поддржа предлогот, а по гласањето на Европскиот парламент, Европската граница и крајбрежна стража тогаш официјално започна со работа на 6 октомври 2016 година на бугарската надворешна граница со Турција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.