Запленети 247 килограми марихуана во близина на грчко-албанската граница

Објавил: Македонка Димкин | 19 август, 2018 14:12

Хаос на грчко-албанската граница

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Грчката полиција во две одделни акции запленила 247 килограми марихуана внесена од Албанија. Во првиот случај во Неа Селефкиа, кај Игуменица, полициската патрола открила 145 килограми во напуштен автомобил, по што било утврдено дека возилото било украдено на 13 јули годинава во Корделио-Евосму, соопшти грчката полиција.

Од полицијата додаваат дека во тек е истрга за отркивање на крадците на возилото и нарко шверцерите.
Во вториот случај кој се случил во близина на Арта, бил запрен автомобил кој доаѓал од правец на зелениот граничен појас. Во возилото имало 100 пакети со 102 килограма марихуана.

По проверката и пронаоѓањето на марихуаната од страна на полицијата уапсена била една жена на возраст од 52 години од Грција, која управувала возилото кое било во сопственост на 29 годишен Грк по кого полицијата сеуште трага.


Дали е коезиднција но Имено и минатата година на 21 Август (денес сме 19) полицијата од албанскиот приморски град Валона спречи обид за шверц на 700 килограми дрога, која требало за биде транспортирана за Италија.

Тогаш дрогата била откриена во селото Акерни, на морскиот брег, во близина на Валона, пакувана во 28 пакети и подготвена за танспорт. Полицијата трага по сопствениците на дрогата.

Ова е втора голема количина на заплената марихуана од страна на албанската полиција за едно деноноќие. Претходно, во хотел во селото Поќера, кај приморското градче Химара, заплени 422 килограми марихуана.

Албанска марихуана заплени и грчката гранична полиција во регионот на Костур. Во зелениот појас на грчко-албанската граница полицијата со термички камери забележала пет лица со торби, по што почнала да ги следи.

Во акцијата запленила 78 килограми марихуана и уапси две лица ,албански државјани, а три лица успеале да побегнат на албанска територија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.