Претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер, се закани со дестабилизација на денарот ако не сме дел од ЕУ, за 50 години

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 септември, 2018 14:28

Штефан Петер со закани за дестабилизација на денарот, Тевдовски молчи

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер се закани со дестабилизација на денарот ако не сме дел од ЕУ?!

Губење на милијарди евра финансиска помош од Европската унија, намалување на странските директни инвестиции и можност за дестабилизација на денарот што ќе предизвика притисок врз банкарскиот сектор, се дел од последиците со кои може да се соочи Македонија доколку не влезе во Европската унија.

Ваков став изнесе денеска претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер, додавајќи дека со невлегувањето во Унијата постои можност да се намали увозот и извозот, компаниите да ја изгубат конкуретноста и младите квалификувани кадри да се иселуваат надвор од државата. 

Според него, земјата би била кредитно поспособна доколку е дел од Европската унија, отколку кога би била надвор од Унијата.

На прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија, Петер посочи дека како странски инвеститор и претседател на Советот за странски инвеститори сака да ја види Македонија интегрирана во Европската унија бидејќи со тоа ќе има подобри деловни услови и за бизнисмените и за вработените.

Секој може да донесе одлука во недела, но не е важно само како ќе гласате. Прво, важно е да излезете на гласање и активно да учествувате во демократијата. Потоа немојте да бидете себични и да разлислувате само за себе, туку размислете и за последиците од вашиот глас за иднината. За да функционира демократијата, мора да бидеме нација која учествува, а не само да набљудуваме. Оној кој не гласал, го губи правото да се жали. – порача Петер.

По 30 септември, како што посочи, животот продолжува, но не е сигурен дали Македонија би можела да живее во поповолни услови доколку не е дел од Европа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...