Нелегитимен во изборот претседателот Собранието, Џафери изјави дека потпретседателката Ременски, одржала партиска а не прес конференција во име на законодавниот дом

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 7:11

Џафери контра Ременски, изјавата и е партиска, тоа не е став на Собранието

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Според Талат Џафери, Ременски воопшто немала потреба да ја партизира говорницата пред новинарите како потпретседател на Собранието, затоа што изјавата и била партиска.

Имено вчера на прес конференција, повика потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Фросина Ташевска Ременски доставена до медиумите на меморандум од Собранието на Република Македонија.

На прес конференцијата Ременски одржа партиски говор.

Имено потпретседателот на Собранието, Фросина Ременски на прес конференцијата ги повика пратениците од сите политички партии да преземат одговорност за иднината на државата, откако Владата најави дека доставува до Собранието на Република Македонија нацрт амандмани за уставни промени како чекор од Преспанскиот Договор.

Членството на Македонија во НАТО и ЕУ е стратешка определба, врвен национален и државен интерес. Над 80 отсто од граѓаните и над 90 отсто од оние кои гласаа на референдумот се за НАТО и ЕУ и волјата на ова огромно мнозинство граѓани треба да биде испочитувана од страна на пратениците во Собранието. – рече Ременски.

Договорот, посочи, ги отвора вратите за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и зајакнат идентитет.

Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО – ДПМНЕ се должни да ја следат мнозинската волја на граѓаните и да обезбедат иднина. – потенцира Ременски и ги повика пратениците кои се за НАТО и ЕУ да преземат одговорност во тоа име, во име на граѓаните кои ги избрале, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени.

Таа рече дека ова е шанса за сите пратеници, заеднички да обезбедат сигурна и стабилна иднина за граѓаните, за нашата заедничка татковина Република Македонија, како членка на ЕУ и НАТО. Никој, посочи, не треба да се надева или да очекува амнестија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.