Роберт реши да каже неколку зборови за неговиот татко и изјави дека му ги простува сите грешки на неговиот татко во минатото, бидејќи го оставил.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 февруари, 2019 13:50

“TATO, ти простувам иако ме остави”- потресна изјава вонбрачниот син на Шабан

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ, Роберт Омалјев (47) вчера присуствуваше на Ново Гробје, и го испрати неговиот татко на погребот, иако претходните години немаа никаков контакт.

 Роберт реши да каже неколку зборови за неговиот татко и изјави дека му ги простува сите грешки на неговиот татко во минатото, бидејќи го оставил.

Роберт и Шабан не се виделе многу години, и како што изјавил Роберт, Шабан не сакал да има никаков контакт со него. Но, сепак трагичната вест дека Шабан загина во сообраќајна несреќа, на Роберт многу тешко му паднала.

Во шок сум, не можам да дојдам при себе. Немам снага да зборувам, многу ми е лошо. Сестра по мајка ми, Тања ми јави за смртта на мојот татко, а јас не можев да поверувам што се случи. Кога тоа го потврдија медиумите и на вестите, дека Шабан загинал во несреќа, одма ми се слоши. Тој беше мој татко, иако не бевме во контакт, јас за него никогаш немав лошо мислење, ја започнува приказната и рече дека не се мислел ни во еден момент дали ќе дојде на погребот.

Шабан пред да ја запознаел неговата сопруга, тој со извесна Невенка Нена Продановиќ добил син Роберт, кој никогаш не го призна како свое дете.

Со татко ми не се видов многу години, а сега јас го погребав. Ова е голема трагедија. Јас немам зборови да опишам, какви емоции сега чувствувам. Немам јас што да му простам, што беше тоа помина. Се му е простено, сега сфаќам дека фамилијата му беше на прво место, рече Роберт. Кажа дека после смртта на неговиот татко, не се слушнал со Гордана, ниту со полусестрите Илда и Санела, како ниту со полубратот Михајло.
 

Не им се јавив на никого од неговата фамилија. Болката е голема, но никогаш не бевме во контакт. Едноставно немавме никаков однос. Не е сега време да зборувам на таа тема, може некогаш ќе ја кажам целата вистина, но сега тоа е невкусно, заклучил Роберт.

Покојниот Шаулиќ прв пат проговори за вонбрачниот син пред 4 години, кога призна дека тој не е дете кое настанало од љубов.

Го направив во младоста, тој не е дете од љубов. Искрено, никогаш не направив ни тест, да докажав дали е навистина мој син. Јас му плаќав алиментација до 18 година, но сега не го гледам, изјавил Шаулиќ.

Во медиумите се појавија информации дека Роберт е многу болен и дека живее во тешки услови. Сопругата од Шабан Гордана застанала во одбрана на својот сопруг и рекла дека Шабан на Роберт и неговата мајка им направил куќа.

Тој дечко е возрасен и не е вкусно дека треба Шабан да го издржува. Нашите деца работат и сами се издржуваат.  Шабан 1978 година на мајката од Роберт и дал 100. 000 германски марки да направат куќа, рече Гордана Шаулиќ.

Шабан Шаулиќ  загина на 67 годишна возраст, во тешка сообраќана несреќа во Германија и беше погребан вчера на Ново гробје, во Србија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Хроника