Владеењето на правото и постигнувањето вистинска неселективна правда, домашна и меѓународна, се моја постојана цел и обврска во текот на целата моја активност.

Објавил: Владо Марин | 23 јули, 2020 8:46

Али Ахмети повикан во Специјалниот суд во Хаг

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на партијата ДУИ, Али Ахмени со објава на својот Фејсбук профил потврди дека бил поканет да сведочи во Хаг.

Ахмети во објавата рече дека од секогаш се залагал за неселективна правда и рече дека стои на располагање на правосудните органи како сведок на ослободителната војна на албанскиот народ против геноцидот на српскиот режим на Милошевиќ!

‘Почитувани граѓани,

Владеењето на правото и постигнувањето вистинска неселективна правда, домашна и меѓународна, се моја постојана цел и обврска во текот на целата моја активност.

Затоа ве известувам дека Специјалното обвинителство на Косово, ме покани да сведочам како еден од основачите на ОВК и член на Генералштабот.

Без двоумење ја прифатив поканата и остварив конструктивен контакт и соработка со официјални лица во Хаг.

Отсекогаш сум се залагал за неселективна правда и им стојам на располагање на правосудните органи како сведок на ослободителната војна на албанскиот народ против геноцидот на српскиот режим на Милошевиќ“,напиша Ахмети на својот Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.