Според информации на Курир.мк човек кој се испоставило подоцна дека е лично обезбедување на семејството на еден македонски бизнисмен го нападнал новинарот Златев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јули, 2020 9:34

Нападнат новинарот Љупчо Златев!

Фото/Текст извор: ©курир.мк

Утрово во раните утрински часови во еден скопски ресторани во близина на гимназијата „Орце Николов“ бил нападнат новинарот Љупчо Златев.

Љупче Златев е новинар и главен и одговорен уредник на порталот Економски Лидер…

Според информации на Курир.мк човек кој се испоставило подоцна дека е лично обезбедување на семејството на еден македонски бизнисмен го нападнал новинарот Златев.

Физичкиот напад доаѓа откако претходно му се доближило лицето и по куса вербална расправија новинарот Златев бил нападнат.

Настанот инаку веднаш потоа бил пријавен во полиција и се очекува повеќе детали во текот на денот.

Нападот доаѓа откако новинарот деновиве објави повеќе скандали и афери за еден поранешен македонски функционер, а сегашен бизнисмен.

Златев вчера објави и дека бизнисменот Сашо Мијалков купил луксузен ресорт на Охридското Езеро.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.