Словенија презема остри мерки за борба против коронавирусот, така што секој угостител, трговец или друго лице кое ги крши правилата и ја шири болеста, може да добие 8 години затвор.
Ако поединецот намерно ја шири инфекцијата, може да се соочи со затвор до 15 години. Членот 177 од словенечкиот кривичен законик конкретно се однесува на преносот на заразни болести.
„Кој не ги исполнува прописите со кои се уредува инспекцијата, дезинфекцијата на пациентите и сите други мерки за контрола или спречување на ширење на заразни болести, се казнува со парична казна или затвор до една година“, се вели во истиот. Ако се починати едно или повеќе лица, затворските казни се поригорозни.
Адвокатот Марко Макуч вели дека случајот е кривично дело против животот.
Сепак, тој потенцира дека сторителот на кривичното дело е само оној на кого се однесуваат наредбите, на пример, доколку Владата донесе регулатива угостителите да ги затворат своите простории, тие ќе бидат казнети доколку се утврди дека ги прекршиле овие наредби.
Според најновите податоци, во Словенија има 253 лица заразени со коронавирус.
Иако во почетокот беше забележано дека инструкциите на надлежните органи не се следат, сега не е случај.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.