Светската метеоролошка организација објави дека температурите во текот на мај и јуни, во северната хемисфера и во тропските области, како резултат на топлото море, ќе бидат повисоки од просечните.
Во текот на претходните години, високите температури на воздухот влијаеја и на водните маси на океаните и морињата, а ваквите феномени се предизвикани од разни видови урагани.
Според извештаите на Агенцијата на ООН за временски услови и клима, април и мај биле најтопли.
„Температурите на воздухот и морето се зголемија како резултат на климатските промени и ова има големо влијание врз екстремните временски настани како што се тропските циклони“, рече Питер Талас, генерален секретар на Светската метеоролошка организација.
Организацијата очекува големи врнежи од дожд во наредните месеци во Индискиот океан, над Австралија и западниот дел на индонезиските острови.
Помалку дожд од вообичаеното се очекува во јужните и екваторијалните региони на Јужна Америка, како и на Карибите и индискиот потконтинент.
Научниците веруваат дека температурата на воздухот во многу земји во наредните децении може да се зголеми значително во споредба со претходните 6.000 години – до 20 степени.
На повеќето територии каде просечната годишна температура е 13 степени над нулата – ќе се искачи на 20 степени за половина век.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.