Австралиските власти соопштија дека ќе преземат чекори за враќање на китовите залутани во река полна со крокодили.
Китовите се во фаза на годишна миграција, а некои од нив завршија во реката, 30 километри длабоко во внатрешноста.
Два кита подоцна се вратија, а еден остана во реката, пишува Би-Би-Си.
Експертите велат дека крокодилите веројатно нема да ги вознемируваат китовите, имајќи предвид дека китовите се долги околу 16 метри. Сепак, тие посочија дека постои ризик китот да се насука во плитка вода.
Тоа е прв случај во Австралија китовите по грешка да се „свртат“ и да завршат во река.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.