Што се спрема во Бугарија? Кој му каќа на Борисов да перотерува руски дипломати?

Објавил: Македонка Димкин | 25 септември, 2020 8:52

На поранешниот „телохранител„ му гори под нозе? Избркал двајца руси

Фото/Текст извор: ©магазин

Бугарските разузнавачки служби и Јавното обвинителство собрале доволно податоци за да ги обвинат руските дипломати за шпионажа, соопшти бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Тој посочи дека постојат одредени работи што се недозволиви на територијата на Бугарија и дека секој што ќе се обиде да се занимава со шпионажа, ќе биде темелно истражен и протеран, пренесува агенцијата „Тасс“.

Дали Бојко Борисов, е уличен човек кој „од телохранител на Тодор Живков станал политичар“. Малку кој знае дека истиот Борисов уште од 1990 година е доктор на науки! Кој е Бојко? Сега 53-годишниот Борисов е син на службеник во софиската полиција, па веројатно предодредено му било да тргне по стапките на татко му. Во 1978 година се запишал на полициската академија, но поради минатото на неговиот дедо (се тврди дека бил убиен од комунистите во1944 година) бил прераспределен од смерот „Државна безбедност“ на „Противпожарна заштита“.

Вчера, бугарското Министерство за надворешни работи им даде 72 часа на двајца руски дипломати да ја напуштат земјата кога обвинителите ги обвинија дека биле вклучени во шпионажа од 2016 година.

Претходно, Обвинителството објави дека руските дипломати од 2016 година барале доверливи информации за плановите за модернизација на армијата и одржувањето на воената опрема.

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека одлуката на Бугарија да протера двајца вработени во економскиот и трговскиот оддел на руската амбасада во Софија ќе ја наруши билатералната соработка.

Во соопштението се наведува и дека понатаму ќе бидат објавени мерките со кои Москва ќе одговори на овој потег на Софија.


Дали Бојко Борисов, е уличен човек кој „од телохранител на Тодор Живков станал политичар“. Малку кој знае дека истиот Борисов уште од 1990 година е доктор на науки! Кој е Бојко? Сега 53-годишниот Борисов е син на службеник во софиската полиција, па веројатно предодредено му било да тргне по стапките на татко му. Во 1978 година се запишал на полициската академија, но поради минатото на неговиот дедо (се тврди дека бил убиен од комунистите во1944 година) бил прераспределен од смерот „Државна безбедност“ на „Противпожарна заштита“.

Но, ова воопшто не го демотивирало Бојко, и тој успешно дипломирал во1982 година и се стекнал со звање инженер. Веднаш се вработил во Софиската градска управа на МВР како командир на вод, а брзо потоа е унапреден во командир на чета. Паралелно, од 1985 година па се до 1990 Борисов е и предавач во Вишиот институт за подготовка на офицери и научноистражувачка дејност на бугарското МВР. Во 1990 година ја брани докторската дисертација „Психо-физичката подготвеност на оперативниот состав“, но брзо потоа со падот на комунизмот си заминува од полицијата. Тогаш имал чин мајор. Бизнисмен По напуштањето на МВР, Бојко отвора агенција за обезбедување „Ипон“. Меѓу повидните личности што ги чувала оваа агенција, која станала една од најголемите во Бугарија, се веќе споменатиот Тодор Живков, Симон Саксобургготски и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Хуан Антонио Самаранч. Освен обезбедувањето во 90-тите Борисов имал удели и во низа други фирми со различна дејност. Во некои од нив, како што се тврди, имал соработката и со луѓе од бугарското подземје, како Румен Николов-Пашата и Младен Михалев-Маџо, но самиот Борисов, пред да се врати на голема врата во МВР како главен секретар во 2001 година, одрекува дека имал било какви врски со мафијата. 

На раководното место во МВР, Борисов е назначен со указ на тогашниот претседател Петар Стојанов и веднаш е унапреден во чин полковник. Веднаш по стапување на должност почнува сериозна борба со криминалот, кој во тие години е широко распространет во Бугарија. Страдаат многумина поврзани со трговија со луѓе, дрога, незаконски печатници за пари и кредитни картички, насилство… Истовремено Борисов решава да се откаже од платата и парите да ги насочи кон семјствата на своите колеги што ги губат животите при извршување на задачите. Неговата работа не останува незабележана, па уште тогаш станува јасно дека новата ѕвезда е родена! Потоа се оди како на филмска лента. Во 2002 е унапреден во генерал-мајор, а во 2004 во генерал-потполковник. Со честото присуство во медиумите поради успешните акции, станува вистинки миленик на јавноста

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.