На Светскиот ден на предвреме родените деца одржавме дигитална тркалезна маса „Заедно за бебињата родени предвреме-се грижиме за иднината", во организација на ГАК и граѓанската организација „Лулка".

Објавил: admin@magazin | 17 ноември, 2020 15:57

Македонија годинава забележува големо намалување на смртноста кај новороденчињата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На својот фејсбук профил, министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека оваа година нашата земја е меѓу првите во светот со најголемо намалување на смртноста кај новороденчињата.

Тој вели дека овој успех е постигнат со сериозен план и огранизација, инвестиции во опрема, вложувања во едукација на персоналот и нивно доусовршување!

Оваа година сме меѓу првите земји во светот со најголемо намалување на новороденечката смртност.

Овој успех го постигнавме со сериозен план и организација, инвестиции во опрема, вложувања во едукација на персонал и нивно доусовршување.

Воведовме европски протоколи и направивме добар систем на комуникација со одделението за интензивна нега на Детската клиника. Со ваков системски пристап, успеавме за речиси 50 проценти ја намаливме неонатална, перинатална и доенечката смртност. Горд сум на целиот стручен тим од Клиниката за гинекологија и акушерство.

На Светскиот ден на предвреме родените деца одржавме дигитална тркалезна маса „Заедно за бебињата родени предвреме-се грижиме за иднината”, во организација на ГАК и граѓанската организација „Лулка”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...