Покрај назначувањето на нов водач, оваа терористичка организација објави дека погубила мисионер од Швајцарија. Терористичката група Ал Каеда именува еден од своите членови, алжирецот Абу Убаид Јусуф ал-Анаби, за нов водач на оваа исламистичка група.
Тој го замени Алжирецот Абделмалек Друкдел, кој беше убиен од француските сили на северот од Мали во јуни, објави денеска американската агенција СИТЕ, специјализирана за надзор на џихадистичките групи.
Поранешниот член на алжирскиот GSPC (салафистичка група за проповедање и борба), кој е на американската листа на „меѓународни терористи“ од септември 2015 година, е исто така шеф на канцеларијата за медиуми на Ал Каеда и редовно се појавува на видеа.
Ал Каеда во пораката навела и дека неодамна ја погубила швајцарската мисионерка Беатрис Стокли, која беше киднапирана во 2016 година во Сахел.
Повеќе од 5.000 француски војници се распоредени во Сахел во рамките на анти-џихадистичката операција „Баркан“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.