Вчера пристигнаа закани од џихадистите дека овој светски настан ќе биде спречен од страна на терористите.

Објавил: Перо Милчин | 5 мај, 2019 13:25

Шокантни закани од терористите: “ЌЕ ГО СПРЕЧИМЕ ЕВРОСОНГ„- Израел во паника!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Палестинскиот исламски џихадист, од појасот Газа се закани дека ќе ја поремети овогодинешната „Песна на Евровизија„ која почнува за 10 дена во Израел.

Делегации за „Песна на Евровизија„ денеска зпочнаа да пристигнуваат на натпреварувањето, кое ќе биде одржано од 14 до 18 Мај и кое како се очекува дека ќе привлече многу туристи од Европа и светот.

Вчера пристигнаа закани од џихадистите дека овој светски настан ќе биде спречен од страна на терористите.

„Ќе го спречиме непријателот да успее во одржувањето на било каков фестивал, чиј цел има да наштети на палестинскиот народ, наведе исламскиот џихадист во соопштението, објавено во моментот кога израелските воздухопловни снаги започнаа напади на повеќе десетина мети ширум појасот на Газа и како одговор на тоа што 150 ракети беа испалени на територијата на Израел.

Изборот на песна за Евровизија е годишен натпревар одржан помеѓу повеќе активни членки на Европската радиодифузна унија.

Секоја земја учесничка доставува песна која ќе биде изведена во живо на телевизија или радио, а потоа доделува гласови на песните на другите земји за да се одреди најпопуларната песна во конкуренцијата.

Изборот се емитува секоја година од неговото воведување во 1956 година и е еден од нај долготрајните телевизиски програми во светот. Исто така е и еден од најгледаните не-спортски настани во светот, со бројка на гледаност помеѓу 100 и 600 милиони на меѓународно ниво во последните неколку години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.