Бугарија се уште има територијални претензии кон Македонија, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села за ТВ 21.

Објавил: Македонка Димкин | 30 ноември, 2020 9:57

СЕЛА: Тоа за што се молчи е дека Бугарија и натаму има територијални претензии кон Македонија

Фото/Текст извор: ©ТВ21

Бугарија се уште има територијални претензии кон Македонија, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села за ТВ 21.

– Темата што ја отвори Бугарија во последно време, со неприфаќање на македонскиот идентитет и јазик, од моја гледна точка, тоа што не се кажува во овој случај, е дека Бугарија и натаму има територијални претензии кон Македонија, вели Села.

Зијадин Села е роден 1972 година во Ливада, струшко, по професија доктор, специјалист-интернист. Својата кариера ја започнал работејќи како специјализант во Црвен Крст-Струга , а потоа преминал да работи како интернист во Општа Болница – Струга. Со запливањево во политичките води, Зијадин Села, најнапред бил директор на државен санитарен и здравствен испекторат, а потоа станува пратеник во македонското собрание. Зијадин Села е оженет и татко на две малолетни деца. Градоначалник на општина Струга во период од 2013-2017, кој на локалните избори во 2013 година го победи заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПНЕ и СДСМ Владимир Кочовски, кого Села го победи со 5000 гласаови. Тогаш, во 2013 година, ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена сакаше да му ја оспори победата на Зијадин Села вложувајќи 15 жалби до ДИК, но ДИК прифати само две кои не влијаеа врз конечниот резултат на изборите.

Села додава дека спорот во основа го содржи прашањето за неколку историски личности, но смета дека проблемот е поголем од тоа, а албанскиот политички фактор додава дека воопшто не учествува на теми од ваква важност.

Села изрази загриженост и за училишните текстови кои ги учат младите Македонци за Албанците, како дојден народ, и обратно, „лагите кои ги изучуваат учениците Албанци“.

– Ние и натаму живееме овде во Македонија како привремен народ со историја што ја изучуваат децата Албанци и која нема врска со нашите преродбеници туку има врска повеќе со лажната историја која им се наметнува ним, додава Села.

Зијадин Села е роден 1972 година во Ливада, струшко, по професија доктор, специјалист-интернист. Својата кариера ја започнал работејќи како специјализант во Црвен Крст-Струга , а потоа преминал да работи како интернист во Општа Болница – Струга. Со запливањево во политичките води, Зијадин Села, најнапред бил директор на државен санитарен и здравствен испекторат, а потоа станува пратеник во македонското собрание. Зијадин Села е оженет и татко на две малолетни деца. Градоначалник на општина Струга во период од 2013-2017, кој на локалните избори во 2013 година го победи заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПНЕ и СДСМ Владимир Кочовски, кого Села го победи со 5000 гласаови. Тогаш, во 2013 година, ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена сакаше да му ја оспори победата на Зијадин Села вложувајќи 15 жалби до ДИК, но ДИК прифати само две кои не влијаеа врз конечниот резултат на изборите.

НАСТАНИТЕ НА 27 АПРИЛ И УЛОГАТА НА ЗИЈАДИН СЕЛА
Зијадин Села и неговата политичка партија Алијанса за Албанците, ја одиграа клучната улога во формирањето на новата влада предводена од СДСМ и Зоран Заев. На критичниот 27 април, главен таргет во македонското собрание, на хулиганската банда беа 2 личности и тоа Зијадин Села и Зоран Заев. Но исто тогаш највисоката цена на капитулацијата на еден режим ја платија невини луѓе кои беа брутално до смрт претепани, меѓу кои најмногу настрада претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој беше крвнички претепан до тој степен што дури неговото претепување се граничи со канибалски чин. Дури и откако крвнички беше претепан, Села беше влечен низ ходниците на парламентот од истинтуционалните терористи кои мислеа дека тој е умрен, па така влечејќи го низ ходниците се сликаа и снимаа како тоа го убиле Села. Тогаш Зијадин Села се здоби со тешки телесни повреди и неговиот живот буквално висеше на конец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.