Се случи чудо, а ние сме дел од него, ќе рече српскиот патријарх Порфириј, по денешната заедничка возвратна литургија со арихиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во Скопје.

Објавил: admin@magazin | 24 мај, 2022 16:45

Историски ден – СПЦ ја одобри и благослови автокефалноста за МПЦ-ОА

Фото/Текст извор: ©sitel

По 55 години се одобрува афтокефалноста на МПЦ – ОА. Веста пред големиот број верници во соборниот храм “Св.Климент Охридски” ја соопшти поглаварот на Српската православна црква, чиј Собор позитивно и во еден глас одговорил на ваквото барање на македонската црква.

Се случи чудо, а ние сме дел од него, ќе рече српскиот патријарх Порфириј, по денешната заедничка возвратна литургија со арихиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во Скопје. Во неговата беседа во која преовладуваа пораки за православно единство, истакна дека Соборот на СПЦ ја благословува афтокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на радост на целата црква, небото и на земјата.

Благодарност до СПЦ за одлуката упати и архиепискотот г.г Стефан. Сонот – обновената Охридска Архиепископија да биде автокефална е реален, рече поглаварот, упатувајќи благодарност до српскиот патријарх Порфириј.

Одлуката на СПЦ, црквата од која призлегува МПЦ како автокефална по неодамнешното помирување, е огромен чекор кон признавање на афтокефалност кое треба да до прогласи Вселенската Патријаршија. Како што посочи српскиот патријарх, двата синода ќе ги разработуваат техничко-организациски детали, по што треба да следува свеченото прогласување.

Потоа, додаде Порфириј, ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот канонски ред.

Денеска од Соборниот храм беше најавена и следната активност – заедничкото сослужение на архиепископот Стефан со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, на 12-ти јуни во Цариград.

Во и околу храмот, неколку илјади верници ја проследија заедничката литургија. Веста за одобрување на афтокефалноста на МПЦ – ОА ја проследија еуфорично и со неизмерна радост.

Овој настан дојде како резултат на одлуката на Вселенскиот Патријарх од 9 мај, за враќање на нашата Црква во канонско единство до останатите Православни Цркви. 

Следуваше заедничка архијерејска литургија на помирување во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а на покана од архиепископот Стефан, денеска на денот на сесловенските просветители беше одржана возвратна литургија на која беше соопштена радосната вест. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...