Благодарност до сите што не поддржаа, напиша Борисов на својот Фејсбук профил.

Објавил: Едмонд Бекири | 3 октомври, 2022 6:09

Бојко Борисов им се заблагодари на оние кои гласаа за ГЕРБ на парламентарните избори во Бугарија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, им се заблагодари на оние кои гласаа за коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од него, јавува дописникот на МИА од Софија.

Благодарност до сите што не поддржаа, напиша Борисов на својот Фејсбук профил.

Копретседателот на „Продолжуваме со промената” Кирил Петков коментира дека нема да коалицираат со ГЕРБ, која победи на парламентарните избори во Бугарија, како и со Движењето за права и слободи, јави дописникот на МИА од Софија.

Асен Василев, копретседател на партијата ја честиташе победата на ГЕРБ-СДС и го призна поразот, велејќи дека тоа е избор на бугарскиот народ. ГЕРБ, според Василев, треба да ја преземе својата политичка одговорност.

„Продолжуваме со промената” ќе биде опозиција на оние кои победија на изборите во Бугарија, користејќи ги парламентарните можности.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести