Пендаровски Македонскиот народ своевремено хо нарекуваше стока

Објавил: Македонка Димкин | 18 август, 2023 22:24

Пендаровски: Опозицијата да понуди алтернатива за уставните измени

Фото/Текст извор: ©слоноден печат

Пендаровски: Опозоцијата да понуди алтернатива за уставните измени

Со денешното гласање „против“ уште при утврдувањето на дневниот ред, опозицијата потврди дека во земјава пропаднал концептот на ЕУ, оцени вечерва претседателот Стево Пендаровски, на Сител телевизија.

Според Пендаровски, опозицијата треба да каже каква алтернатива нуди и што предлага ако е против уставните измени. За него е нејасно и „како опозицијата се обидува да се мајтапи со толку моќна земја на ЕУ како Франција и вели дека она што е на маса не е француски предлог и европска рамка, туку бугарски диктат“.

На Пендаровски кој своевремено Макеоднскиот народ го споредуваше со овци воопшто не му било јасно , како што рече, дека бил изгубен легитимитетот на Владата по денешната собраниска сесија. Јасно е дека владејачкото мнозинство во овој момент нема две третини, но тоа не значи и дека нема да ги има, нагласи претседателот. Значи бо план се апсења со уцени или ? како мислат да ги премислат?

Опозицијата со денешното гласање против уште при утврдувањето на дневниот ред потврдува дека пропаднал во  Македонија концептот на ЕУ. Што друго е понудено од опозицијата како алтернатива? Движење на неврзаните? Неутралност? Тоа е срамно и погубно да се каже од која било политичка структура. Тие требаа да кажат пропадна ова што вие го предлагате, ние мислиме – вака трееба да биде. Што предлагаат тие наместо ова што денеска пропаднало? Која е алтернативата? Да дојдеш прво на власт па пак ќе правиш две третини, со кого? Пак со мене, со тебе, со истите луѓе? Со истите политички структури? Несериозно е. Ако пропадна денеска ЕУ, прашувам – дали се враќаме на старата дебата од 1991 – 1992 година кога велиме на каде ќе одиме, на запад, на исток? Денеска имаше и такви дебати – запад или исток. Кој е истокот, Руската Федерација? Ипонатаму тврдам, дека ова што го имаме на маса и што опозицијата пежоративно и непотребно го нарекува „бугарски диктат“, а се работи за француски предлог и европска рамка, навистина не ми е јасно како се обидуваат да се мајтапат со толку моќна земја на ЕУ, со Франција, и да велат дека тоа не е француски предлог и европска рамка, туку е „бугарски диктат“. Нивниот конпцет е – дајте да дојдеме на власт, па потоа ќе му ја мислиме за двте тритини. Тоа не е политички концепт, рече Пендаровски.

Сосема очекувано беше, додаде, дека кога ќе дојде до гласањето за отворањето на процедурата во Парламентот, спикерот ќе ја одложи таа сесија.

Ја следевме собраниската седница сите. Гледаме дека сепак опозицијата не отстапува од позициите кои веќе цела година ги пласира во јавноста, па дури има и пратеници од власта кои денеска – кој не го стиснал случајно копчето, кој баш денес не можел да дојде на седница. Каков сигнал е денешната седница? Мислам дека денешната седница, особено гласањето кога беше утврден дневниот ред со 70 гласа го потврдува тоа што сите го знаевме претходно. Значи, и оној момент кога би дошло до гласање денес јасно е дека две третини нема во овој момент владејачкото мнозинство, не значи дека нема да ги има и сосема очекувано беше дека кога ќе дојде до гласањето за отворањето на таа процедура дека спикерот ќе ја одложи таа сесија.  напомена Пендаровски.

Мене не ми се чини воопшто дека е изгубен легитимитетот на Владата затоа што вака заврши денешната сесија, ниту мислам дека ако се гласаше „против“ лани за истиов предлог и не се отвореше Уставот дека повторно требаше да се оди на избори зашто не поминал францускиот предлог или Уставот не бил отворен. Мислам дека станува збор за неколку различни работи. Слична дебата како оваа денешнава, демек Владата со ова гласање се покажува дека нема две третини и час поскоро треба да замине, беше и по локалните избори кога гледавме повици од опозицијата – бидејќи ги изгубивте локалните избори логично е да одиме на парламентарни избори, тоа едно со друго не оди. Демократскиот принцип во најголемиот дел демократии и демократии во светот ти ако добиеш мандат од четири години е да го истераш до крај. Тоа што ние и изминативе 10-15 години се научивме на предвремени избори на секои две години тоа е проблем на македонската демократија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.