Имено на прес конференцијата позади претседателите стоеја знамињата од двете земји, но протоколот на претседателот на Полска овој пат направи грешка, и македонското знаме беше модифицирано, пишува „Плусинфо“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 февруари, 2020 17:24

ДОСТА САМО НИЕ ГРЕШЕВМЕ: Полска го утна македонското знаме, Пендаровски доби извинување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото плус инфо

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска беше во официјална посета на Полска, каде одржа прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Имено на прес конференцијата позади претседателите стоеја знамињата од двете земји, но протоколот на претседателот на Полска овој пат направи грешка, и македонското знаме беше модифицирано, пишува „Плусинфо“.

На оваа фотографија на порталот Плус инфо најдобро се гледа погрешеното македонско знаме.

За порталот од кабинетот на Пендаровски велат дека македонската делегација веднаш реагирала кај полската делегација и дека домаќините им се извиниле за ненамерниот пропуст.

-Во врска со поставените знамиња, македонската делегација реагираше кај полската страна, при што домаќините изразија длабоко извинување и рекоа дека се работи за ненамерен пропуст на нивниот протокол. Би сакале да додадеме дека нашата делегација е задоволна од официјалната посета на Полска, која политички и организациски помина во најдобар ред – одговорија од Кабинетот на Пендаровски на прашањето на Плусинфо дали македонската делегација реагирала кај полскиот протокол за изгледот на државното знаме.

Инаку ваква грешка на неколку наврати направи и нашиот протокол од Влада, кога го погреши знамето на австрија пред две години, кога за време на посетата на австрискиот канцелар, Себастијан Курц, наместо со австриско, го пречека со знамето на Латвија.

Исто така протоколот на Пендаровски го постави наопаку црногорското знаме, за време на официјалната посета на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести