Државното јавно обвинителство во Мексико соопшти дека во вооружен напад на стриптиз бар во Мексико, убиени се најмалку 15 лица, а четири се многу тешко повредени.
Според неофицијални сознанија, повеќе вооружени лица дошле пред стриптиз барот „Ла плаја„ и отвориле оган на вработените и гостите на клубот.
Од кога го направиле масакрот, вооружените лица побегнале од местото на нападот.
Засега причините за оваа настаната ситуација, не се познати за јавноста. Во Мексико овие денови започна масовна полициска акција против големи криминални групи, и се сомничи дека овој настан има поврзаност со таа акција.
„Петнаесет лица го загубија животот“, изјави за „АФП“, Хуан Хозе Мартинез, портпаролот на обвинителството во земјата.
Во претходната година во Мексико се регистрирани 33.341 убиство што е најголема цифра за Мексико, откако се води статистика во 1997 година.
Во 2017 година, достигна рекорден број 28.866 убиства.
Бројот на убиства во Мексико расте на големо ниво од 2006 година, кога владата на претседателот Фелипе Калдерон (2006-2012) почна воена кампања против организираниот криминал.
Во декември минатата година и првиот месец од оваа во мандат на сегашниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор регистрирани се 2.842 убиства што е речиси за 10 отсто повеќе отколку во 2017 година во тој период.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.