По ваквите добри вести поглаварот Реџепи го прегрнал Муки и дискретно му шепнал: Стево алекум, алекум Стево“!

Објавил: Мате Парлоф | 27 март, 2019 13:13

ИВЗ го предложи Мухамед Зекири за посредник во дијалогот со владата и УЈП

Фото/Текст извор: ©магазин

Селам алекум, мир во земјата, мир во ИВЗ!

Со овие зборови пратеникот Мухамед Зекири ги отворил портите и срцата на оџите во Исламската верска заедница. Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, кого Муки пред неколку месеци го пофали од собраниската говорница како визионер, го пречекал високиот гостин од власта со турски локум и саудиски чај. Реизот на ИВЗ, во духот на добрата воља и реформите за членство во ЕУ истакнал дека Исламската верска заедница ќе ги стави на пауза сите преписки и недоразбирања со Владата околу „бавната и дискриминаторска“ денационализација на нивниот имот, и дека оџите нема да зборат ништо лошо против владата во своите 700 џамии во пресрет на претседателските избори.

Во знак на благодарност за ваквиот реформски гест, Мухамед Зекири му рекол дека носи добар абер од премиерот Заев за две работи. Како прво, се додека Македонија е надвор од ЕУ, УЈП принципелно ќе биде надвор од ИВЗ, бидејќи пресумпцијата на невин оџа е посилна од сите други инсулирања. Како второ, дека Заев веќе им дал препорака на Шилегов и Блерим Беџети да не мрчат за изградбата на платформата на езерото Матка, бидејќи таа платформа е целосно компатибилна со Тиранската платформа. По ваквите добри вести поглаварот Реџепи го прегрнал Муки и дискретно му шепнал: Стево алекум, алекум Стево“. На обострано задоволство оваа продуктивна средба завршила со домашна баклава произведена во Арачиново.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти...

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...