Новите анкети во Грција, покажуваат дека опозициската Нова демократија на Киријакос Мицотакис води со 10% пред владејачката СИРИЗА, на чело со Алексис Ципрас.
Како што покажуваат најновите анкети во Грција, кои се реализирани на помалку од еден месец пред предвремените парламентарни избори покажуваат дека Нова демократија на Киријакос Мицотакис води со речиси 10% пред валедјачката СИРИЗА.
Партијата на досегашниот премиер Ципрас би се намалила со тоа што би освоила само 75 пратенички мандати.
Алексис Ципрас се приклучил на Комунистичката младина на Грција во доцните 80-ти. Во почетокот на 90-тите години, тој бил политички актист, главно насочено против контроверзниот закон на тогашниот министер Василис Контогијанопулос. Тој станал познат како застапник на ученичко движење.
По заминувањето на Комунистичката партија на Грција од Синаспизмос, Ципрас останал во партијата.
Како секретар на Младински Синаспизмос тој зел активно учество во процесот на создавањето на грчкиот социјален форум и бил присутен на сите меѓународни протести и маршеви против неолибералната глобализација. Во декември 2004 година, на Четвртиот конгрес на Синаспизмос, тој бил избран за член на централниот коитет, каде бил одговорен за образовни и младински прашања.
Кога тој бил избран за претседател на Синаспизмос тој имал само 33 години, со што станал најмладиот шеф на една грчка парламентарна политичка партија.
Во 2009 година, на Парламентарните избори бил избран за член на парламентот на Грција за изборна единица во Атина, а од страна на СИРИЗА бил избран едногласно како шеф на парламентарната група.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.