Оваа вила се наоѓа во предградието на Валета и е единственото место надвор од Велика Британија што кралицата го нарекла дом. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 октомври, 2019 21:30

(ВИДЕО) Ова е огромната вила каде живеела Елизабета пред да биде кралица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вилата во која живеела принцезата Елизабета пред да стане британска кралица, стана сопственост на малтeшката Влада откако ја купи вилата во која таа ја поминала својата младост, во периодот од 1949 до 1951 година, кога нејзиниот сопруг, принцот Филип, бил сместен во Малта во Кралската морнарица.

Оваа вила се наоѓа во предградието на Валета и е единственото место надвор од Велика Британија што кралицата го нарекла дом. 

Инаку целото име на кралицата Елизабета II  е Елизабета Александра Мери Виндзор. Таа е родена на  21 април 1926 и е кралица на шеснаесет независни држави и нивни прекуморски територии здружени во сојузот наречен Комонвелт.

Елизабета се родила на 17 Брутон Стрит во Мејфеар, Лондон на 21 април, 1926. Нејзиниот татко бил Принцот Алберт, Војвода на Јорк (подоцна крал Џорџ VI), вториот најстар син на Џорџ V и кралицата Мери. Нејзината мајка била Војвотката на Јорк (Леди Елизабета Боуз-Лајон), ќерка на Клод Џорџ Боуз-Лајон, 14-ти Гроф на Стратмор и Кингхорн и неговата жена, Грофицата од Стратмор.
Кралицата била крстена во Музичката соба во Бакингемската палата од Космо Ланг, тогашниот Јоршки надбискуп, а нејзините кумови биле Кралот Џорџ и Кралицата Мери, Кралскатата Принцеза, Војводата на Конот, Грофот од Стратмор и Леди Елфинстон.
Елизабета била крстена по нејзината мајка, додека двете средни имиња се преземени од нејзината баба од таткова страна Кралицата Александра и од нејзината баба Кралицата Мери. Како дете членовите на нејзиното најблиско семејство ја нарекувале „Лилибет“.

Според Вестминстерскиот статут од 1931 год., таа ги носи круната и владетелската титула на секоја од тие држави посебно и подеднакво; сепак таа е жител и најдиректно вклучена во Велика Британија, нејзиното најстаро кралство, во кое нејзините предци владееле повеќе од 1000 години. Стапила на тронот во 1952 год.

Покрај Обединетото Кралство, Елизабета II е и Кралица и на Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јамајка, Барбадос, Бахамите, Гренада, Папуа Нова Гвинеја, Соломонови Острови, Тувалу, Света Луција, Свети Винсент и Гренадините, Антигва и Барбуда, Белизе и Сент Китс и Невис. Во секоја од овие држави, таа е претставена од Генерален гувернер. 16-те земји во кои таа е Кралица се познати како кралства на Комонвелтот.

Нивното вкупно население брои 129 милиони жители. Теоретски, нејзината моќ е огромна, но во пракса и според конвенциите, таа лично никогаш не се впушта во политички прашања. Сепак, особено во Велика Британија, позната е по тоа дека е активна во кулоарската политика и во работите на државата, и редовно се среќава на работни средби со министрите од Владата. Елизабета II држи и низа други позиции, меѓу нив и Шеф на Комонвелтот, Врховен Поглавар на Англиканската црква, Војвода од Нормандија, Лорд на островот Ман, Врховен командант на армијата на Велика Британија, Врховен командант на армијата на Канада, Врховен адмирал на морнарицата и др.

Елизабета II е еден од најдолго владеачките монарси во историјата, и исто така единствена која е водач на повеќе од една држава истовремено (заедно со претседателот на Франција кој истовремено е и Ко-Принц на Андора. Како што некои од колониите на Британскиот Комонвелт (денешен Комонвелт) се здобивале со независност од Велика Британија за време на нејзиното владеење, таа станувала кралица на новопрогласените независни држави.

Од 1947. Кралицата е мажена за Принцот Филип, Војводата од Единбург, роден како Принц од Грција и Данска, но по натурализацијата во Англија познат како Филип Маунтбатен. До денес тие имаат 4 деца и осум внуци.

Моментално таа е втор најстар шеф на држава во светот, по кралот Бумибол на Тајланд. През периодот од преку 50 години владеење, кралицата има доживеано смена на 10 британски премиери, како и бројни други премиери на земјите на Комонвелтот на кои таа е шеф на држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.