Со тезги од државниот буџет до високи позиции на листата на најплатени извршители, нотари и адвокати.

Објавил: admin@magazin | 17 декември, 2019 20:42

КОД ОТКРИВА: Во УБК “КАША ПОПАРА”- имало повеќе припадници со двојни идентитети

Фото/Текст извор: ©telma

Досие тајна мисија-ова не е најава за нов филм на Џемс Бонд туку Код открива дека освен Варелов имало и други припадници на службата кои вршеле непријавени мисии со таен идентитет. Дали е таква содржината на државните тајни одземени при претресот кај пратеничката Фросина Ременски. КОД открива и државен функционер кој патува службено на други континенти, а потоа приватно учествува на спортски манифестации.

Со тезги од државниот буџет до високи позиции на листата на најплатени извршители, нотари и адвокати.

Управа за безбедност и контраразузнавање открива и попречува дејности насочени кон поткопување или уривање на поредокот утврден со Уставот и загрозување на безбедноста на земјата.

Што значи врши опарaции, мисии акции внатре во државата.

Нејзина надлежност не се други земји ниту пак нејзините агенти смеат да вршат операции надвор од границите на Македонија.
Но според извештајот пронајден во досето кај Ременски Законот е прекршен. Тројца вработени во Управата со месеци не доаѓаат на работа. Но тоа не се случувало само една година туку низ неколку години отсуствата траеле подолго.

Нивното често отсуство е пријавено до ванатрешната контрола . Тие направиле контрола каде се двајцата вработени и какви задачи извршуваат. Тогаш дошле до неверијатни сознанија дека тројцата припадници на УБК имале еден идентитет за во Македонија но друг за надвор од неа.
Слично како Варелов и тие добиле пасоши со имиња и презимиња од македонија но дали ликовите се измислени или вистински постојат како што бече случајот со Варелов истрагата треба да покаже, пишува Balkan.mk.

Кoд дознава дека нивна задача била да работат со лажниот идентитет надвор од границите на службата и државата- во други земји а дел од тие земји се и членки на Еверопската Унија или НАТО. Задачата им била следење, снимање, собирање податоци за лица .

Во извештајот според извор на КОД стои и дека се користени возила со уреди за следење.

Биле користени камп возила со светла боја и скопски таблички но таблиците биле фалсификат. Но сето ова тајните агнети не го вршеле за македонската тајна служба-матичната УБК. Туку за служба пријателска на петтата управа со која има долгогодишна соработка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...