Пејачката се трансформираше со црна перика, накит и деколте а заедно со својата колешка  Весна Змијанац, направија селфи а фотографијата ја поставија на Инстаграм.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 декември, 2019 19:01

Се промени до непрепознатливост: Неда Украден подмладена на снимање на новогодишна емисија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата српска пејачка иако има 69 години за неа како времето да застанало.  Неда Украден изгледа прекрасно а на снимањето на новогодишната емисија ги изненади фановите. Многумина не можеа да поверуваат дека дека таа изгледа вака добро на 69 години.

Неда Украден непрепознатлива на снимањето на новогодишната емисија на РТС.

Пејачката се трансформираше со црна перика, накит и деколте а заедно со својата колешка  Весна Змијанац, направија селфи а фотографијата ја поставија на Инстаграм.

Неда Украден е родена на 16 август 1950 година. Својата кариера ја започнала во 1967 година а во 70 тите и 70 тите таа била една од најпопуларните пејачки и голема ѕвезда во Југославија. Пеела поп музика а со нејзината прва плоча постигнала голем успех. Од 2009 година стекнала голема популарност со своите денс хитови.

Нејзиното семејство води потекло од Црна Гора, а нејзиното моминско презиме е Павловиќ.

Неда Украден пораснала во Сараево. Завршила Правен и Филозофски факултет во Сараево, како и средно музичко училиште. По распадот на Југославија се преселила во Белград, во 1992 година каде и денес живее и работи. 

Била во брак со Милан Билбију, а од ќерката Јелена има две внучиња Александар и Душан.

Неда Украден е сопственичка на ресторанот Стар. 

 

Неда во текот на 70-тите и 80-тите била едно од најголемите музички имиња за етно-поп музика.

Соработувала со најеминентните имиња на естрадата: Кемал Монтено, Арсен Дедиќ, Сеид Мемиќ Вајта, Хари Мата Хари, Никола Борота Радован и др. Од бројните награди кои ги добила може да се издвои Златна птица “Југотон” за преку два милиони продадени плочи.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.