Босанскиот пејач искрено раскажа за неговиот пат до „Бијело Дугме“, за тоа што значи да се живее вистинскиот рокенрол, но и многу негови приватни приказни, за сопругата Маријана, за децата, за внуците.

Објавил: Весна Петровска | 10 јануари, 2020 12:14

БЕЗ СКРШЕН ДЕНАР ВО ЏЕБ: Ален Исламовиќ – немав пари, па спиев по автомобили!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Легендарниот Ален Исламовиќ од бендот „Бијело Дугме“ кој беше гостин во емисијата „Еден на еден“ со Жаре Димитриевски кажа интересни анегдоти од неговиот живот.

Босанскиот пејач искрено раскажа за неговиот пат до „Бијело Дугме“, за тоа што значи да се живее вистинскиот рокенрол, но и многу негови приватни приказни, за сопругата Маријана, за децата, за внуците.

„Кога пеев во „Дивље јагоде“, на една турнеја немавме пари сите да се сместиме во хотел. Половина од бендот спиеше во хотел, а половина во стариот „стокец“. И Бреговиќ ми раскажуваше за неговите почетоци, за времето кога јаделе паштети на турнеја, затоа што не можеле да си дозволат повеќе. Тоа е тој пат кој мора да се помине“, е само дел од приказните на познатиот босански пејач.

Ален ќе раскаже и за бизнисот на кој е многу горд, за плантажите со лешници, и ќе открие со кој нов бизнис се занимава.

Спонтан, пријателски расположен и исклучително професионален, рокерот ќе ги почести гледачите и со два големи хита, акустично, со неговата гитара. Во недела, првиот специјал на „Еден на Еден“ во 2020 со Ален Исламовиќ и неговата животна приказна е нешто што вреди да се погледне.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.