Тој изјави дека е вчудоневиден од леснотијата со која министерот за финансии вели дека буџетот добро се полни.

Објавил: Перо Милчин | 13 јуни, 2019 19:38

„ЗАЕВ е практично како е мал деспот без процедура, без јавен оглас и без да има интервјуа„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на Алфа телевизија на емисијата „Отворено„ рече дека ако од одлуките на Централниот одбор на СДСМ зависат одлуките во Владата тогаш сме го погрешиле политичкиот систем, партијата од државата се одвоени барем за тоа се бореа оние шарени револуционери на чело со Заев и Шеќеринска.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на Алфа телевизија изјави дека огромно е задолжувањето на Владата, а реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофална. Мицкоски потенцираше дека се чекаат одлуки на државата и Централниот одбор на СДСМ, а тоа е уште еден минус за државата.

Но, она што повеќе мене ме загрижува е што капиталните инвестиции процентуално се најмала ставка во реализацијата од тоа што било планирано, но затоа пак дефицитот со онаа стапка со која што било планирано да се реализира во фискалната година.

Мицкоски изјави дека Тевдовски не ја говори вистината бидејќи околу 50 милиони евра помалку прилив има во државниот буџет од даноците од она што било планирано во првите неколку месеци од годината.

Тој рече дека е вчудовиден од трпението на луѓето во структурите на СДСМ, затоа што се почести се гласините дека има големо незадоволство во нивните редови и прашање на време е колку тие луѓе ќе имаат трпение, затоа што Заев и партијата и државата ја носи во голем амбис.

Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ, интересот на граѓаните е пред се и над се, додавајќи дека за влез во Европската Унија е потребно работа и успешно спроведени реформи од страна на владата.

-Јас навистина сум вчудоневиден со која леснотија министерот за финансии кажа дека буџетот добро се полни. Од оние информации кои што јас ги имам делот на полнење на буџетот кој што доаѓа преку УЈП, мислам дека не е така.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести