Сашко Тодоровски, сопруг на Мирјана Најчевска, е најсериозен кандидат за амбасадор во Советот на Европа!

Објавил: Данаил Михајловски | 12 декември, 2019 10:05

Васко Грков нов амбасадор на Македонија во Белград!

Фото/Текст извор: ©магазин

Денес на владината седница се очекува да поминат одлуките за пополнување на околу 20 од вкупно 25 испразнети амбасадорки места. Освен веќе потврдената информација дека партискиот секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Дане Талески, ќе биде предложен за амбасадор на Македонија во НАТО, извори од МНР за Магазин соопштуваат уште неколку фаворити за топ дипломати. Имено, Васко Грков, кој беше генерален конзул во Минхен во времето на Груевски, сега по ургенција на градоначалникот Митко Јанчев, ќе биде новиот амбасадор на Македонија во Белград, Србија. Имено, дипломатот Васко Грков, кој е од Кавадарци, е во одлични релации со градоначалникот Јанчев, но и со пратеникот Панчо Минов од ГРОМ, кои од своја страна имаат добри односи и соработка со владата на премиерот Заев, но и со братот на премиерот, Вице Заев.

Другите фаворити за амбасадори се:

Васко Грков од Кавадарци, поранешен генерален конзул на Македонија во Минхен, Баварија, сега е најсериозен кандидат за амбасадор во Белград, благодарение на добрите релации на Митко Јанчев со Зоран Заев.
  • Рами Реџепи (дипломат од МНР, близок до ДУИ) за амбасадор во Рим. 
  • Сашко Тодоровски (дипломат од МНР, близок до СДСМ, сопруг на Мирјана Најчевска) за амбасадор во Стразбург, Совет на Европа
  • Данчо Марковски (од МНР, близок до НСДП, беше амбасадор во времето на Груевски во Загреб) за Тирана
  • Шпреса Јусуфи (дипломат од МНР, блиска до министерот Димитров), за амбасадор во Приштина, Косово
  • Милаим Фетаи (кадар на ДУИ, порано беше член на Советот за радиодифузија) за амбасадор во Загреб
  • Шабан Јашари (политички кадар кадар на ДУИ) за амбасадор во Катар
  • Андреј Жерновски (од ЛДП пребега во СДСМ за да стане заменик министер) или Теута Демјаха (политички кадар на ДУИ, беше и кандидат за пратеник во ИЕ-1), и двајцата се најсериозни кандидати за амбасадори при мисијата на ООН во Женева
  • Желба за амбасадор во Копенхаген (Данска) има и Фатон Бејта, внук на поранешниот градоначалник од Гостивар и функционер на ДУИ, Невзат Бејта, но околу него изгледа сеуште не е постигната согласност, заради неусогласеност на МНР Димитров со претседателот Пендаровски, кој имал и свои кадри кои сакал да ги предложи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.