Според Анѓушев, веќе не е проблем отворањето работни места, туку како да се пополнат, а невработените да се оспособат и преквалификуваат за најбараните и најдефицирани работни позиции.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 март, 2019 18:23

Анѓушев: „Не е сета среќа во факултетот„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешна дебата рече дека проблемот со бројот на невработени во државата не е толку голем, колку што е голема структурата на невработеноста.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на денешната дебата рече дека иако во државава има рекордна ниска невработеност од 19,4 проценти од осамостојувањето досега, голем и загрижувачки проблем е структурата на 105.000 невработени граѓани, затоа што 42 процента се постари од 50 години, 50 проценти се без или со основно образование, а 26,5 проценти со средно образование, но не од бараните техничките училишта.

Првиот таргет е како 105.000 невработени лица од кои третина може да се вработат за една година, да се преквалификуваат, односно како тие со основно образование да ги направиме тоа што може – готвач, пекар, заварувач, бравар столар, и како на техничките универзитети да го зголемиме потенцијалот за да го задоволиме барањето за машински, градежен инженер, програмер, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев на денешната дебата.

Тој рече дека првиот таргет е како 150.000 невработени лица, од кои третина можат да се вработат за една година, односно тие што имаат основно образование да се вработат како готвачи, столари, бравари и заварувачи.

Анкетата на 3.140 компании покажала дека 1.883 од нив во наредните шест до 12 месеци ќе имаат потреба од 18.643 работни места и ако се претпостави дека уште толку вработувања се потребни кај не анкетираните моментната потреба на работни места е над 35.000 до 40.000.

Најбараните занимања се машински инженер, градежен инженер, електротехничар, шивач, пекар, готвач, слаткар, вели Анѓушев.

Да престанеме да се залажуваме дека 95 проценти е здраво за едно општество, а не е и за нив самите дека треба да одат на универзитет, не е сета среќа во тоа, подобро е да имаме знаење и струка и со неа добро да живеете и заработувате од вашата 18 или 19 година, отколку да завршите универзитет кој нема да биде почитуван и од кој на крај ќе добиете диплома, со која не ќе знаете што да правите ако е несоодветна на рачната состојба во државата, рече Анѓушев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...